In Albanian In Bulgarian
Јапонскиот гигант во роботизацијата FANUC ја нуди својата широка палета на роботи ширум светот за да ги задоволи барањата на клиентите во најразлични индустриски намени и гранки. Роботите на FANUC се клучна стандардна опрема за секое современо производство, бидејќи тие се исклучително флексибилни и се нудат со опции специфични за намената, се одликуваат со лесна интеграција, а корисниците можат да го изберат моделот според спецификите на конкретното решение за автоматизација. Неодамна од фабриките на FANUC беше испорачан милионитиот робот.
FANUC е водечки глобален производител на решенија за фабричка автоматизација, чие долгогодишно искуство во разработката на технологии за роботизација му го донесе признанието на клиенти во секој агол на светот. Затоа, не беше изненадување што освен на штандот на FANUC на MachTech & InnoTech 2023, роботите со лесно препознатлива жолта боја можеа да бидат видени во сите сали за време на саемот.
„Оваа година изложивме колаборативен робот CRX-10iA/L со носивост од 10 kg и дофат од 1418 mm од новата серија на коботи CRX, кои исто така се одликуваат со нова боја - бела со зелена лента. Коботите CRX се со гарантирана безбедност при работа, нудат флексибилна и брза имплементација и се исклучително лесни за програмирање. Тие можат да работат до 8 години без одржување и се со 100% докажана сигурност. Во овој случај, прикажуваме намена за палетизирање која користи грипери на Gimatic“, објаснија од компанијата.
Освен кобот, FANUC го демонстрираше и роботот SCARA модел SR-3iA. Тој има носивост од 3 kg и е одлично решение за намени, поврзани со работа, инспектирање и пакување. Способноста да работи во опсег од 360°, малата тежина на моделот и неговите ултра компактни димензии го намалуваат до минимум ризикот од судири со периферни уреди.
Друг робот кој можеше да се види е индустрискиот робот, модел M-20iD/35, кој има носивост од 35 kg. Тој беше демонстриран и во намена за палетизирање, но на поголеми товари. „Благодарение на многу големата брзина на оските и постигнувањето на максимална прецизност за оваа класа, роботот M-20iD/35 се користи во широк опсег на примени“, коментираа од фирмата.
Како потврда на нивните зборови, роботите на FANUC ги покажаа предностите на брендот во реална примена и на многу други штандови, како оние на системските интегратори РЕН, Редко, Сивико, Спесима и други.
Централна канцеларија
Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД
Телефон: +359 2 492 9369
E-mail: service.bg@fanuc.eu
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Инженер.bg