Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Домашните претплатнички станици Regudis W-HTE на Oventrop обезбедуваат ефикасно решение

11 november 2022

In Bulgarian

 

„Развојот на станбената градба е факт, како и стремежот на инвеститорите да нудат се посеопфатни решенија со додадена вредност во нив, особено со оглед на се поголемата важност на енергетската ефикасност. Во овој контекст, Oventrop на пазарот му нуди работно и комплексно решение во областа на водоснабдувањето и греењето во форма на домашни претплатнички станици Regudis W-THE“, коментираа од претставништвото на меѓународниот производител Oventrop. Во денешниот материјал, ќе ви раскажеме поединости за функциите и предностите на ова решение.

 

 

Домашната претплатничка станица Регудис W-HTE овозможува енергетско ефикасно и хигиенско снабдување на домот со ладна вода, топла вода за домаќинство, како и со вода за потребите за греење. Станицата е опремена со електронски регулатор и разменувач на топлина со плочи од не'рѓосувачки челик залемен со бакар. Целосно е херметизиран со силициум диоксид од страна на примарното и секундарното коло, што го намалува ризикот од калцификација и акумулација на наслаги и ја спречува миграцијата на металите низ површината.

 

Regudis W-HTE овозможува проток на одведување на вода за пиење од 25 l/min при надминување на температурата за 5 °C. „Малото покачување на температура во доводната линија го прави системот исклучително ефикасен, бидејќи така се обезбедува температура на одведување на топлата вода. Со зголемување на температурната разлика може да се зголеми и протокот на одведување“, објаснија од компанијата. Освен тоа, греењето на ладна вода во станицата е минимизирано, бидејќи цевките за неа се термички одвоени од цевките за снабдување и цевките за топла вода.

 

 

Домашната претплатничка станица Regudis W-HTE се состои од следниве компоненти:

 

- Електронски регулатор со номинална температура на топла вода 40-70°C;

- Деаератор за грејното коло;

- Регулациски вентил за големи протоци со интегриран регулатор на диференцијален притисок и приоритетно префрлување;

- Зонски вентил за регулирање на грејното коло;

- Херметички разменувач на топлина со плочи од нерѓосувачки челик, залемен со бакар;

- Температурен сензор за топла вода;

- Дистрибутивна кутија за напојувачки напон;

- Сензор за проток;

- Деаератор за колото за вода за пиење;

- Можност за поврзување на модул за циркулација на вода за пиење;

- Дел за поврзување на мерач на топлина;

- Дел за приклучување на водомер за ладна вода;

- Можност за поврзување на сет за регулирање и одржување на температурата;

- Филтер за доводна грејна линија;

 

Претставување Oventrop Бугарија и Република Северна Македонија

г-н Пламен Латев
Телефон: +359 888 258252

 

Хидротермика Системи ДООЕЛ
Адреса: Македонија, 137, Гостивар
Телефон/факс: 00 389 42215594
Мобилен: 00 389 70245571
E-mail: hidrotermika@t-home.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Oventrop, pixabay.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »