АББ го проширува своето пазарно присуство во областа на дигиталното управување со енергија со купувањето на Sensorfact

2025-02-283 мин.

Светски признатиот технолошки лидер во електроснабдувањето, електроопремата и автоматизацијата АББ ги засилува своите позиции во сферата на дигиталното управување со енергија, купувајќи ја холандската компанија Sensorfact BV. Се очекува зделката да биде финализирана во текот на првото тромесечје од 2025 година, при што се уште не се објавени финансиските услови за неа.

2 ABB SENSORFACT-GEA-16
„Sensorfact е брзо растечка компанија за управување со енергија, основана во 2017 година во Утрехт, Холандија. Таа нуди SaaS решение базирано на вештачка интелигенција, кое им помага на малите и средните претпријатија да ги искористат предностите на современите облачни решенија и вештачката интелигенција. Интегрирајќи ги дигиталните технологии во сопствените процеси и управување со енергија, производителите можат значително да ги намалат своите трошоци и да ја зголемат ефикасноста и продуктивноста“, коментираа за BalkanEngineer.com од АББ.


„Основна мисија за АББ и Sensorfact е да им помогнат на компаниите да ја подобрат својата енергетска ефикасност, да ги намалат трошоците за одржување и да ја зголемат продуктивноста. Со приклучувањето на холандската фирма кон структурата на АББ, глобалната групација ќе го прошири своето портфолио на решенија за енергетска контрола, кои користат големи масиви на податоци и вештачка интелигенција, за да ги направат електрораспределбата и управувањето со енергија истовремено интелигентни и ефикасни“, коментираат од АББ. „Овој стратешки чекор од нашиот развој им нуди можност на нашите клиенти на иновативен начин да ги дигитализираат своите производствени операции, охрабрувајќи ги да станат поефикасни и поодржливи во својата активност“, додава уште тој


SaaS решението на Sensorfact обединува Plug-and-Play сензори кои се поврзани со интелигентна софтверска платформа и го мерат потрошувањето на ниво на машина. Компанијата користи алгоритми за анализа на податоците, идентификување на можности за реализација на енергетски заштеди и обезбедување на лесни за спроведување совети, кои се уникатни за операциите на секој клиент.

1 ABB SENSORFACT-GEA-16

Централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, Софија 1592, бул. „Витоша“ 89Б, зграда А, кат, 17 Милениум Центар Софија

Телефон: +359 2 807 5500

Е-mail: office@bg.abb.com

 

Повеќе информации за АББ Блгарија ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: АББ Бугарија, АВВ