Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

STAMH: Автоматизираните магацински системи што ги интегриравме во новиот дистрибутивен центар

11 november 2023

In  Bulgarian

 

Тимот на STAMH спроведе нов успешен проект за магацинска автоматизација. Овој пат клиентот е од фармацевтската индустрија и тоа не било кој, туку Phoenix Pharma – етаблиран и препознатлив бренд во повеќе од 27 земји. Phoenix Pharma има повеќе од 153 локални дистрибутивни центри со високотехнолошка опрема. Професионалците од меѓународната компанија за магацинска автоматизација STAMH се избрани за извршител на проектот за опремување на новиот дистрибутивен центар на фармацевтската компанија, што се наоѓа во град Бургас.

 

 

Задачата пред STAMH се состои од инсталирање на системи за сталажи во комбинација со решенија за магацинска автоматизација. Новоотворениот логистички хаб може да се дефинира како центар за микро исполнување во рамките на градот. Барањето на нарачувачот е да се проектира целосно персонализирано решение за автоматизација на оперативните процеси во дистрибутивниот центар.

 

Магацинот е поделен на 2 нивоа: едно на висина од 4,4 m и второ на висина од 0,45 m. Нарачките се склопуваат на вториот кат (4,4 m), од каде преку гравитационен спирален транспортен модул, специјалните касети за пикирање се носат до зоната за испраќање на приземјето.

 

Сталажите MITO имаат вкупно 7 нивоа во висина. Тие овозможуваат двострано пикирање на производи. Системите Carton Flow, од друга страна, обезбедуваат повторно полнење на предниот дел од регалите со помош на гравитациони сили, што заштедува време и напор и овозможува континуирано работење за време на големо оптоварување со нарачки кон магацинот. „Ова е оптимално решение за автоматизирано транспортирање на стоки во магацински простори и дистрибутивни центри. Тие поврзуваат поединечни магацински зони, организирајќи ги работните процеси на интуитивен начин за операторите. Транспортерите со ролери можат да транспортираат различни по форма, димензии и тежина детали и SKU (магацинска единица за складирање)“, објаснија специјалистите од компанијата.

 

Новото пперсонализирано автоматизирано решение за Phoenix Phrama, проектирано од STAMH Group, веќе обезбедува различни интралогистички предности:

-Автоматско движење на пикинг касетите во магацинот, што заштедува време, средства и го намалува ризикот од грешки;

-Енергетска ефикасност, благодарение на спиралниот гравитациски транспортен модул кој ги носи готовите касети за икирање до транспортната зона;

-Јасно дефинирани работни зони кои ги организираат вработените и процесите во магацинот;

-Значително забрзување на процесот на примање стоки, пикирање на артикли, составување на нарачки и подготовка за испорака.

 

 

„Автоматизираниот систем, изграден во новиот центар за микро исполнување во град Бургас, е сериозно инженерско достигнување што ги подигнува интралогистичките операции на Phoenix Pharma на сосема ново, оптимално ниво“, додадоа уште од компанијата.

 

Адресa: Обиколница и ул. Јордан Бакалов - Стубел 31, 1404 Софија, Бугарија

Телефон: +359 88 922 3117 

Е-mail: office@stamh.com 

  

Повеќе информации за Стам Лтд ДОО слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: STAMH

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »