STAMH: Автоматизираните вертикални машини за подигнување се оптимално решение за магацински простори со мала површина

2023-03-246 мин.

In Bulgarian  In Romanian

 

„Во областа на логистичкиот сектор се направени бројни независни студии. Податоците од сите нив докажуваат директна корелација помеѓу проблемите со магацинската организација и задоволството на вработените, продуктивноста и приходите на компанијата. Решението е автоматизација на магацинските процеси, а изборот на магацински систем соодветен за намената, неговата професионална интеграција и специјализираното зонирање на просторот се неколку едноставни чекори со кои ќе ја оптимизирате вашата активност и трајно ќе ја зголемите ефикасноста на вашиот магацин или логистички центар“, коментираа од STAMH. Експертите од докажаната производствена и инженеринг компанија ги коментираа техничките карактеристики на едно компактно решение, поточно вертикалните машини за подигнување (VLM).

 

 

Магацинската автоматизација е интелигентно решение со брз поврат на инвестицијата и многу позитивности, се разбира, доколку е изведена од тесни специјалисти во интралогистиката со потребните компетенции и познавања. Просторното размислување е „клучно“ за оптимизација на магацинските простори“, споделија од меѓународната компанија STAMH Group.

 

Брзина при обработка во магацинот и безбедност за складираните производи

 

„Магацинскиот софтвер WMS на VLM овозможува прецизна и брза обработка на барањата, мониторинг во реално време, прецизна локализација на стоката, проверка на баркод, како и намалување на грешките“, објаснија специјалистите.

 

Централниот лифт систем во секој модул ги крева фиоките и ги распределува во вертикалната машина за подигнување кога е потребно. Вашите вработени не губат драгоцено време во тешки и монотони операции кои одземаат многу време, но и вашиот магацин останува чист и среден – без непотребни кутии, пакување и хартија.

 

Вертикалните системи за складирање достигнуваат до висина од повеќе од 16 метри и ви овозможуваат да заштедите до 90% од просторот на подот“, објаснија интеграторите од STAMH и додадоа: „Нивниот широк опсег на предности ги претворува во решение со многу намени кое е компатибилно. со потребите на различни индустрии. Модификациите на Cimate Control и Clean Room обезбедуваат и специјални услови за складирање. Ова ги прави особено погодни за прехранбената индустрија (ПИ), автомобилската индустрија, производството на медицински и фармацевтски производи или фина електроника“.

 

 

Кога е препорачливо да го автоматизирате вашиот магацин?

 

Еве ги клучните предности што ја претвораат магацинската автоматизација во перспективна инвестиција со брза исплатливост:

- Задоволни вработени кои ја бендисуваат својата работа

- Раст на продуктивноста

 

„Автоматизираните магацински системи внесуваат ред и среденост кои ја оптимизираат организацијата и ја стимулираат продуктивноста на вашите вработени“, споделија од STAMH Group.

 

Зголемете ја ефикасноста и приходите

 

„Вертикалните Slim Lift решенија можат да складираат до 25.000 kg непалетизирана стока во висина, зафаќајќи само 3 метри квадратни од магацинската површина“, посочија од STAMH.

 

 

Вертикалните машини за подигнување (VLM) ги спречуваат загубите во производството од:

- Фелерична стока

 

VLM се средство за компактно и прецизно складирање, како и за постојана контрола на локацијата и состојбата на вашата стока.

 

- Извршување на непотребна или несоодветна работа

Влошената магацинска организација е предуслов за извршување на дополнителни и непотребни работи.

 

- Хиперпродукција

Ова е уште една но честа среќавана грешка која е придружена со финансиски загуби.

Тоа во суштина се должи на губење на информации или недоволна динамична информација во врска со залихите. Магацинскиот и логистички софтвер ги решава овие проблеми.

 

- Време на мирување и празно движење

Магацинската автоматизација ги оптимизира процесите во магацинот и доведува до намалување на овие интервали и времето на чекање за финализирање на претходна операција.

 

- Непотребен инвентар

„Комуникацијата“ помеѓу системите во реално време гарантира дека транспарентноста и јасноста спречуваат магацинот да биде преполн со непотребни материјали.

 

- Непотребни движења на операторите и преместување на артиклите

Често поради недостаток на добри интралогистички процеси, се забележува вршење на непотребни движења и операции. Ова е директно поврзано со потрошувачката на време.

 

Адресa: Обиколница и ул. Јордан Бакалов - Стубел 31, 1404 Софија, Бугарија

Телефон: +359 88 922 3117 

Е-mail: office@stamh.com 

  

Повеќе информации за Стам Лтд ДОО слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: STAMH (Стам)