Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

STAMH ја започнува 2023 година како ексклузивен сертифициран партнер на Interroll Group

30 january 2023

In Bulgarian  In Romanian

 

Почетокот на новата 2023 година се покажа како навистина успешен за развојот на меѓународната компанија STAMH Group, специјализирана за целосна реализација на автоматизирани решенија за магацин и логистика. „Официјално го објавуваме нашето партнерство со водечкиот светски производител на решенија за обработка на материјали и автоматизирани конвеери и транспортери – Interroll Group. Ние сме единствената сертифицирана компанија која може да интегрира автоматизирани конвеери и ваков тип на интралогистички транспортни решенија“, коментираа од STAMH Group.

 

 

Кои детали за нивното приклучување кон програмата Rolling On Interroll (ROI) на Interroll Group се споделени на оваа тема од STAMH, ќе дознаете во следните редови.

 

„Во суштина, програмата ROI е иницијатива за формирање на глобална мрежа на локални специјалисти за обработка на материјали и автоматизација на процесите за автоматизација на интралогистички магацини кои имаат за цел да ги разменат своите искуства и вештини за целите на индустрискиот развој. Мотото на ROI „Just Cause“ (едноставно кауза) го претставува не само стремежот за взаемно враќање на инвестициите, туку и основната вредност на колективност, чист и транспарентен бизнис. Глобалната програма на Interroll Group обединува компании и професионалци од различни земји и различни култури кои споделуваат исти принципи, вредности и идеали. Иако нашите мајчини јазици се различни, партнерите во ROI комуницираме на заеднички јазик“, објаснија од STAMH.

 

Накратко за Interroll Group

Решенијата на Interroll се користат во магацините и дистрибутивните центри на компаниите за експресни и поштенски услуги, е-трговија, аеродроми, прехранбената индустрија, модата, автомобилскиот сектор и многу други производствени индустрии. „Срцето“ на компанијата е Центарот за иновации и проекти за развој (IPDC) во Германија. Тој е одговорен за управување и имплементација на иновации од меѓународната Interroll Group.

 

 

Каква е позицијата на STAMH Group во меѓународната ROI  програма?

 

STAMH Group е компанија која имплементира комплексни технологии за магацинска автоматизација и складирање во повеќе од 22 земји. Специјализирана е за проектирањето и инсталацијата на магацински системи за палети, кутии, картонски пакувања, касети за собирање, па дури и непакувана стока.

 

Групацијата ги развива своите активности во Австрија, Србија, Романија, Грција, Бугарија, Италија, Северна Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и други земји во Југоисточна и Централна Европа. Портфолиото на STAMH Group вклучува над 14.000 успешни проекти кои се реализирани во Европа, Азија и Блискиот Исток.

 

„Ние ги имплементираме само најквалитетните решенија на пазарот. Конвеерите и транспортерите на Interroll ја докажаа својата ефикасност и јачина во многу наши проекти, и тоа нè натера со голема желба да и се приклучиме на меѓународната програма Rolling on Interroll. Вистината е дека за нас магацинските системи отсекогаш биле кауза“, објаснија специјалистите на компанијата.

 

Тимовите на STAMH Group проектираат и имплементираат различни решенија за магацинска автоматизација.

 

Контеерни транспортери и нивното место во автоматизираните магацински системи

 

STAMH нуди комплетни решенија за дистрибутивни центри и логистички бази.

 

Конвеерите ја обезбедуваат врската помеѓу сите зони во магацинот, без разлика дали станува збор за прием, складирање, пакување, палетизирање или испорака. Имено затоа партнерството помеѓу STAMH Group и Interroll Group во меѓународната програма Rolling on Interroll е клучно за секој што ќе одлучи да направи важен чекор кон квалитетна и сигурна магацинска автоматизација.

 

 

Адресa: Обиколница и ул. Јордан Бакалов - Стубел 31, 1404 Софија, Бугарија

Телефон: 00359 889 223 117

Е-mail: office@stamh.com

  

Повеќе информации за Стам Лтд ДОО слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: STAMH Group

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »