In Bulgarian
STAMH Group, заедно со STAMH Hellas, реализираа уште еден успешен проект за проектирање, снабдување и инсталирање на преоден магацински систем Gangway во дистрибутивниот центар во близина на град Атина, Грција, на меѓународната 3PL и логистичка компанија SARMED. Лидерот во секторот на договорната логистика (целосна или делумна изведба на логистичките процеси од надворешна фирма) ги проширува своите активности со нова бизнис единица за електронска трговија. За да се обезбеди успех во бизнисот, логистиката во e-commerce магацините треба да се одликуваат со многу добра организација, брзо подигање на производите, како и брзо реализирање на нарачките и подготовка на пратките за испраќање. За нивното постигнување е потребно персонализирано проектирање на магацинскиот систем, приспособен на конкретните барања - специфики на просторијата, вид на стоката и оптимизација на интралогистичките процеси. А оптимизацијата на магацинските простори и приспособливоста на системите се меѓу главните предности на решенијата на STAMH.
Професионалците од меѓународната компанија за магацинска автоматизација и системи од сталажи конфигурираа сталажен систем од тип Gagway наменет да обезбеди брз пристап до секој артикл, а за таа цел тој е прилагоден на конкретните потреби и специфики на просториите. Имплементираниот систем за микро-бирање оптимално го користи достапниот простор за складирање. Волуменот на дистрибутивниот центар е максимално искористен во висина – создадени се вкупно 4 нивоа со над 9000 квадратни метри корисен магацински простор. „Сталажниот систем Gagway е опремен со гравитациски транспортен модул кој ги поврзува различните нивоа во центарот за исполнување на нарачки со зоните за испорака и пакување. Секој кат е опремен со централен коридор и со повеќе работни премини помеѓу полиците. Магацинскиот систем е на вкупно 4 нивоа, од кои на секое има платформи за примање на палетизирана стока“, објаснија од тимот на STAMH за BalkanEngineer.com.
Сталажните системи Gangway овозможуваат складирање на стоки на различни нивоа, со што се користи дополнителен простор од магацинскиот простор. Пристапот до секој од катовите е овозможен со скали што се монтирани на местата определени со проектот. Меѓу предностите на овој тип магацински системи се одличната адаптација кон спецификите на магацинските простории, како и можноста за чекор-по-чекор надградба и склопување на различни конфигурации. Тие се наменети за магацини со претежно непалетизирана стока, а гарантираниот брз пристап, безбедност и удобност го претвораат Gangway во одлично решение за e-commerce секторот.
Персонализираниот магацински систем изграден од експертите на STAMH овозможува непречено проширување на активноста на SARMED и успешен развој на компанијата во областа на електронската трговија.
Адресa: Обиколница и ул. Јордан Бакалов - Стубел 31, 1404 Софија, Бугарија
Телефон: +359 88 922 3117
Е-mail: office@stamh.com
Повеќе информации за Стам Лтд ДОО слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: STAMH Group