Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

KMT Сервис: SebaKMT го објави дебито на пазарот на логерот за шум и фреквенција од нова генерација SmartEAR IoT

14 march 2023

In Bulgarian  In Albanian

 

SebaKMT, дел од групацијата Megger, го најави пазарното деби на нов инструмент со целосно преработен концепт за регистрирање на шум и фреквенција. „SmartEAR IoT е логер за шум и фреквенција со цврсто и издржливо куќиште, комбинирано со моќна литиум-јонска батерија која овозможува работа до 9 години. Монтажата се врши лесно, брзо и сигурно во неколку автоматизирани чекори со помош на специјално разработената  апликација за паметни телефони SmartEAR-GO“, соопштија од KMT Сервис – докажана компанија и официјален дистрибутер на SebaKMT. Запознајте се со деталите.

 

 

Бидејќи ефикасноста и првокласниот квалитет се од клучно значење за водоснабдувањето, современите технологии за мерење и откривање се разработија до ниво каде што нудат моќни инструменти за ефикасно откривање на истекувања во мрежите за вода за пиење. На овој начин тие гарантираат постојано водоснабдување преку континуиран онлајн мониторинг. За да ги задоволи овие потреби на пазарот, менаџментот на производи на SebaKMT ги проучувал најважните барања ширум светот, како што се целосна продуктивност, траење на батеријата, одржување, лесно ракување, брза инсталација и атрактивна цена. И резултатот е SmartEAR IoT.

 

Логерите SmartEAR IoT се карактеризираат со:

- Најнова радиотехнологија: комбинираниот модем CAT-M и NB-IoT ги пренесува мерните податоци безбедно и сигурно од длабоки шахти, кутии или преку затворени капаци;

 

- Брза и лесна инсталација: со апликацијата SmartEAR-GO, секој оператор може да го инсталира инструментот и благодарение на повратните информации од функцијата за тестирање на јачината на мрежата, може да биде сигурен дека тој работи;

 

- „Паметна“ облачна платформа: Интелигентните алгоритми овозможуваат идентификација и локализација на протекувањата.

 

 

Дополнителни специјални функции:

 

- Известување за движење преку внатрешен сензор за движење;

- 360° магнетен прстен (дополнителен додаток) за флексибилно позиционирање;

- Повеќе мерни циклуси во рамките на 24 часа;

- Снимање на аудио фајлови со времетраење од 10 секунди;

- Можност за создавање на претходно поставени или сопствени мерни на мерење

во Poseyedon;

- Степен на заштита IP 68 (дури и по замена на батеријата);

- Заштита од кражба преку магнетен прстен и кабел од нерѓосувачки челик.

 

„Батеријата на инструментот има животен век до 9 години при примена на енергетско оптимизиран режим на мерење и најмалку 5 години при користење на постојан профил на стандардно мерење. Нејзината состојба може да се провери преку мобилната апликација или во облачната платформа, а промената се врши на лице место – брзо и лесно“, објаснија од компанијата.

 

Димензии на логерите SmartEAR IoT:

- Висина: 115 mm (122 mm со антената);

- Дијаметар: 69 mm (79 mm со антена);

- Тежина: 450 g (со антената).

 

Адреса: Бугарија, Софија 1303, ул. „Средна Гора“ 89

Телефон: +359 88 878 1788

Е-mail: kmt.servicebg@gmail.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: SebaKMT, KMT Сервис

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »