In Bulgarian
„Без разлика дали градите фотонапонска електрана за продажба на електрична енергија или систем за сопствена потрошувачка, PIKO CI инвертерите од германскиот производител KOSTAL Solar Electric со право може да се дефинираат како Вашиот оптимален избор. Се нудат со моќност од 30, 50 и 60 kW и имаат вградени комуникациски интерфејси и бесплатен пристап до KOSTAL Solar Portal, кој овозможува флексибилни опции за следење и управување“, информираа за BalkanEngineer.com од фирма МаккаБ – македонската компанија на Филкаб.
„PIKO CI обезбедува максимално производство на сончева енергија, благодарение на неговата високо сертифицирана ефикасност од над 98%. Инверторот поддржува поедноставена комуникација преку двоен LAN-интерфејс (RJ45) со вграден прекинувач и комуникација преку стандарден интегриран RS485 бус“, раскажаа од МаккаБ .
Инверторот е компатибилен со многу инсталациони контролори и регистратори на податоци, така што можете да го користите системот за мониторинг што го претпочитате, а исто така има вградени регистратори за податоци за континуиран системски фидбек.
„Оптималната заштита од прашина и вода IP65 овозможува користење на PIKO CI инверторот на отворено, а неговата мала тежина го олеснува транспортот и монтажата. Инсталацијата на AC и DC струја е брза, без непотребни компликации и не Ви се потребни специјални алатки за тоа. Заштитата од пренапон како и на AC и на DC деловите обезбедува дополнителна сигурност, а поврзувањето на AC-делот со 4-жичен кабел без неутрална жица ги оптимизира трошоците“, објаснија уште од МаккаБ.
Филкаб – централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92
Телефон: 00359 32 277 171; 00359 32 608 881
E-mail: office@filkab.com
МаккаБ ДООЕЛ
Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59
Телефон: 00359 2 3233727; моб. 00359 72 310300; 00359 71 347133
E-mail: office@makkab.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: МаккаБ