Филкаб Солар: Дали вреди инвестицијата во поскапи инвертори при изградбата на фотоволтаични инсталации?

2025-10-294 мин.

Промени јазик: Albania Bulgaria Serbia

Може да се каже дека европскиот пазар на соларна енергија е веќе одржлива индустрија. Сè повеќе претпријатија и домаќинства градат фотоволтаични системи со цел контрола на трошоците и енергетска независност. Во срцето на секој таков систем е инверторот - компонента од која зависат реалната продуктивност и враќање на инвестицијата. Филкаб Солар со долгогодишно искуство во енергетскиот инженеринг, става акцент на квалитетот на инверторите и нивната улога во економијата на системот, а имено колку и дали еден премиум инвертор е поефикасен и посигурен во споредба со стандарден модел?

snimka1_16

Инверторот го претвора напонот на еднонасочна струја (DC) произведен од сончевите панели во наизменична струја (AC), која се додава во електричната мрежа или до потрошувачи. „Од квалитетот на оваа компонента зависи како ефикасноста на конверзијата, така и стабилноста, безбедноста и издржливоста на целата инсталација“, коментираат од компанијата за BalkanEngineer.com. Според инженерски анализи, инверторот претставува околу 10% од вредноста на еден фотоволтаичниот систем, но може да одреди над 90% од неговата оперативна сигурност. Затоа, прашањето не е едноставно „дали“ да се инвестира, туку „која класа на инвертер“ да се избере и кога е оправдана повисоката инвестиција.

 

Повисоката цена на инверторот може да се должи на неколку реални фактори: поголема ефикасност, подобро ладење, поширок влезен дијапазон, интелигентен мониторинг и долг гарантен рок. На пример, кај серијата KOSTAL PIKO CI, Филкаб Солар става акцент на ефикасност до 98,4%, повеќе MPPT тракери и активно ладење. Овие параметри водат до реално зголемување на годишниот енергетски принос и помал ризик од загуби при сложени конфигурации или делумно засенчување. „Повисоката класа на инверторите често покажуваат подобра работа при нестандардни услови - различни агли, променливо сончево греење и температурни колебања. Ова има значење, особено при проекти со поголема површина и различна ориентација на панелите“, објаснуваат од фирмата.    

snimka3_11

Филкаб – централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: 00359 32 277 171; 00359 32 608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59

Телефон: 00359 2 3233727; моб. 00359 72 310300; 00359 71 347133 

E-mail: office@makkab.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Филкаб Солар, ©Engineer.BG via Canva.com