Со ABB Ability™ Building Analyzer АББ интелигентно ја следи и управува енергијата во своја фабрика во Велика Британија

2025-07-154 мин.

За да ја подобри енергетската ефикасност на својот производствен објект во Стоунхаус, Велика Британија, AББ користи решенија од сопственото технолошко портфолио. Компанијата ја интегрира платформата ABB Ability™ Building Analyzer како дел од целокупниот систем за енергетски менаџмент во фабриката, со цел зголемување на енергетската ефикасност со 20% во споредба со основното ниво од 2019 година.

„Во Стоунхаус -, објект за мерење и анализа на автоматизацијата на процеси (на англиски PAMA), се произведуваат мерачи на проток и други уреди за континуирана анализа на преработени гасови и вода. AББ има над 50 години експертиза во мерењето и калибрацијата, како и во спецификацијата, работењето и одржувањето на опремата за мерење на проток што се користи на објектот“, соопштија за BalkanEngineer.com од AББ.

 

Ангажираноста на AББ кон иницијативата EP100 вклучува имплементација на системи за управување со енергија на сите нејзини светски индустриски локации до 2030 година. Во рамките на оваа стратегија, објектот на AББ во Стоунхаус го применува решението ABB Ability™ Building Analyzer како клучна компонента на својата проширена платформа за управување со енергија.

 

„Building Analyzer обезбедува сеопфатен мониторинг на потрошувачката на енергија низ целата фабрика. Решението вклучува широк спектар на уреди и системи поврзани со платформата, обединувајќи ги податоците од различни извори во интерфејс лесен за користење. Ова им овозможува на вработените да ја набљудуваат и анализираат потрошувачката на комунални услуги во реално време, со цел оптимизација на трошоците, зголемување на енергетската ефикасност, подобрување на одржливоста и охрабрување на свеста кај вработените“, објасни AББ.

 

Покрај основните преземени мерки за заштеда на енергија, фабриката на AББ воведува и дополнителни иницијативи насочени кон уште поголемо намалување на потрошувачката на енергија. Проектот SСтоунхаус е само еден од многуте примери за тоа како ABB Ability™ Building Analyzer може да им помогне на операторите како на Островот, така и низ целиот свет во првите чекори кон декарбонизација на зградите.

Централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, Софија 1592, бул. „Витоша“ 89Б, зграда А, кат, 17 Милениум Центар Софија

Телефон: +359 2 807 5500

Е-mail: office@bg.abb.com

 

Повеќе информации за АББ Блгарија ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

Извор на фотографии: AББ Бугарија, ABB, ©Engineer BG via Canva.com