Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Нови роботи на FANUC им ја олеснуваат работата на луѓето при растоварување на машини

05 june 2019

In Bulgarian

 

Јапонската компанија FANUC, водечки производител на интегрирани решенија за индустриска автоматизација, го прошири својот асортиман со два нови роботи: M-20iD/25 за манипулирање и ARC Mate 120iD за заварување. „И двата роботи се карактеризираат со високи брзини на оските и голем работен опсег во споредба со нивните претходници. Нивната стандардна опрема вклучува нов контролер R-30iB Plus“, соопштија за BalkanEngineer.com од ФАНУК Бугарија ДООЕЛ.

 

 

Двата нови модели ба роботи се карактеризираат со максимален носивост на товар од 25 кг и опсег на раката од 1831 милиметри. „Потрошувачите ќе го ценат фактот дека тие можат да стигнат поблиску до сопствената основа, зголемувајќи го својот активен од до 1585 mm, во споредба со нивните претходници. Роботите M-20iD/25 и ARC Mate 120iD се опремени со нов погонски механизам кој придонесува за значително поголема брзина на оските“, појаснија од ФАНУК Бугарија. Повторливоста на операциите е усовршена дополнително до ± 0,02 милиметри.

 

Карактеристиките на M-20iD/25 го прават особено погоден за операции на полнење и растоварање или за манипулирање со делови. Степенот на заштита IP67 за оските на раката и рачниот зглоб на роботот ја овозможува неговата примена во неповолни работни услови.

 

 

„Бидејќи оските на рачниот зглоб на ARC Mate 120iD исто така се со класа на заштита IP67, роботот е сигурно заштитен против прскање или прашина и е оптимално решение за операции на заварување или сечење. Роботите M-20iD/25 и ARC Mate 120iD се стандардно опремени со новиот контролер R-30iB Plus кој има интегриран систем за визуелизација, поголема меморија, побрз процесор и е со новата конзола iPendant. На барање, помалата и поедноставена верзија се нуди и во изведба Mate Cabinet“ појаснија од ФАНУК Бугарија.

 

Дигиталните модели на M-20iD/25 и ARC Mate 120iD се интегрирани во ROBOGUIDE, сопствен офлајн софтвер на FANUC за програмирање.

 

Централна канцеларија за Југоисточна Европа

Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД

Телефон: 00359 2 963 33 19, 00359 2 963 32 86

E-mail: service.bg@fanuc.eu

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјалФАНУК Бугарија ДООЕЛ, FANUC

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »