In Albanian In Bulgarian In Serbian
Имањето на пристапен извор на вода за пиење е меѓу основните услови за да постои животот на луѓето, флората и фауната. Понекогаш тоа е предизвик, а примената на пумпни системи во водоснабдувањето зависи од тоа дали во близина има извори на електрична енергија. Во многу периферни реони, недостасува електропреносна инфраструктура, затоа во помош доаѓаат ОИЕ* технологиите а компаниите кои работат во секторот за вода нудат сè поиновативни и ефикасни пумпни решенија. Еден од најреномираните производители со импресивна палета на пумпи, опрема за пумпање и мотори е италијанската компанија Saer Elettropompe.
Еве што раскажува регионалниот менаџер за продажба на Saer за Бугарија, Северна Македонија, Албанија, Косово, Грција и Кипар, инж. Александар Георгиев: „Благодарение на пумпните системи напојувани од соларни панели, веќе е можен пренос на вода без постоење на електрична енергија. Предностите на пумпните решенија со соларно напојување се неспорни, а во некои случаи тие не се само најпосакувана, туку и единствена варијанта за водоснабдување“.
Сериозните предности на овој тип на системи се манифестираат во неколку насоки:
-Економичност;
-Поедноставено работење;
-Екологија;
-Не се бара одржување;
-Не е потребна електрична енергија;
Палетата на производи на Saer вклучува пумпни системи со висок притисок до 60 бари, пумпи со висок проток до 5.000 кубни метри на час, вшмукувачки пумпи, потопни пумпи и мотори од 4" до 14", при што сите може да се напојуваат со сончева енергија.
Проект за наводнување на земјоделски површини со соларни пумпи на Saer
Успешен проект кој вклучува пумпен систем Saer со соларно напојување е реализиран во Централна Азија, во соработка со компанијата LAP која ги испорачува електричните системи TDS Hybrid Inverter (AC/DC). Објектот е поделен на две пумпни станици, при што првата е со две пумпи а втората со три. Сите пет пумпи се модел SKDW4P250-400-G-kW200 на Saer.
Секоја од нив се напојува од соларен систем со еквивалентна моќност до 240 kW на вкупна вредност 1,2 MW. Хибридните електрични панели TDS се со можност за оптимизација во случај клиентот да одлучи да го зголеми капацитетот на соларните панели во подоцнежна фаза на повеќе од 300 kW по пумпа. Ова ќе му овозможи на системот да работи подобро за време на часови со помала сончево греење, како што се рано наутро и доцна навечер.
„Електричниот панел е штелуван така што во текот на денот инсталацијата може да работи како хибридна, користејќи ја енергијата од соларните панели или од конвенционалното напојување. Ова им овозможува на пумпите да работат со постојан притисок. Објектот може да наводнува површина од 4.000 хектари со користење на соларна енергија“, додаде уште г-дин Георгиев.
ОИЕ* - Обновливи извори на енергија.
Инж. Александър Георгиев - Area Sales Manager
Телефон: +359 87 673 4516 (Viber, WhatsApp)
Е-пошта: aleksandar.georgiev@saer.it
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Saer Elettropompe