Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

STAMH: Нашиот WMS магацински софтвер е најпосакуваното решение за трансформација на логистички центри

09 december 2024

In Bulgarian

 

Освен правилното димензионирање на расположливиот магацински простор и обезбедување на компактност и флексибилност на складирање на магацинските единици, во дистрибутивниот центар од суштинско значење е и управувањето со оперативните процеси. Затоа, во следните редови, вашето внимание ќе го насочиме кон магацинскиот софтвер WMS имплементиран од специјалистите на STAMH Solutions. „Побарувачката за WMS магацински софтвер е се позголемено поради неговите неоспорни предности и можноста за флексибилно управување со палетизирана стока“, коментираа за BalkanEngineer.com од STAMH Groupмеѓународна компанија специјализирана за високотехнолошки решенија, магацинска опрема и софтверско обезбедување.

 

Кои се придобивките од дигитализацијата на логистичките претпријатија и имплементацијата на магацински софтвер WMS во нив?

 

  • На прво место, оптимизација на просторот, имено ефикасна организација во магацинот, за да се искористи максимумот од расположливиот простор, а притоа истовремено да се обезбеди лесен пристап до магацинските единици - независно дали се работи за палети, големи кутии, кутии или дури и непакувани артикли или долги товари;
  • Следење во реално време на залихи, нарачки и рокови на траење, што е од суштинско значење за ладилници со специјални услови за складирање и стоки со критични рокови на трајност;
  • Автоматизација на клучни процеси, како што се примање, складирање и издавање на стоки, што го намалува времето за обработка на документи и ризикот од човечки грешки;
  • Управување на температурните услови: Софтверот може да интегрира податоци за температурните услови, што е исклучително важно за простории за ладилници, кои се карактеризираат со зголемени барања во однос на одржување на специјален температурен режим;
  • Зголемена ефикасност и продуктивност преку оптимизација на задачите и ресурсите, соодветно намалување на оперативните трошоци, трошоците за работна сила и ризикот од грешки;
  • Намалување на грешките при инвентаризација, исполнувањето на нарачки и складирање на стока - се прецизира дејноста и се намалуваат загубите од расипани или неправилно складирани производи;
  • Раст на добивката – природна последица на горенаведените предности.

 

 

Адресa: Обиколница и ул. Јордан Бакалов - Стубел 31, 1404 Софија, Бугарија

Телефон: +359 88 922 3117 

Е-mail: office@stamh.com 

  

Повеќе информации за Стам Лтд ДОО слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: STAMH Group, ©Engineer.BG via Canva

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »