In Bulgarian In Serbian In Albanian
Компанијата Инженеринг ЕАД, дел од групацијата Филкаб, е етаблирана инженеринг и производствена компанија, изведувач на многу големи проекти. Меѓу богатото портфолио на успешно реализирани проекти е и трафостаницата „Царацово“ 110/20 kV во град Пловдив. Инженеринг ЕАД учествуваше во нејзината изградба како подизведувач одговорен за реализацијата на електричниот дел од проектот. Проектот е финансиран од ЕВН Бугарија Електроразпраделение, а изведувачи се Сименс и Филкаб. Вкупната инвестиција изнесува 6,6 милиони лева.
Под мотото „Од проектот до монтажата - квалитет, сигурност и одговорност кон клиентот“, фирма Инженеринг ЕАД се етаблира како водечки изведувач на проекти поврзани со електрична изградба на јавни и индустриски објекти. „Фокусирани сме на квалитетните и долготрајните решенија во електричната изградба на објекти од енергетиката, индустриската и јавната градба. Она што не разликува од другите компании на пазарот се специјалистите на нашиот тим, кои имаат акумулирано долгогодишно искуство и завидни вештини во областа, како и континуираните инвестиции во обновување и проширување на нашата опрема. Со нашите активности, имаме за цел да им обезбедиме на нашите клиенти првокласна и целосна услуга која одговара на современиот технолошки напредок и ги задоволува нивните потреби“, коментираа од компанијата.
Од вкупната инвестиција вредна 6,6 милиони лева за изградба на трафостаница „Царацово“ 110/20 kV, која според планот е објект со кој се подобрува квалитетот на напојувањето на домашните и деловните корисници во реонот, средствата одвоени за електрична изградба на објекти изнесува 333.390,66 лева без ДДВ.
„Изведувачите на проектот се избрани според Законот за јавни набавки. За изградбата на трафостаница „Царацово“ се употребени современи технологии кои ги исполнуваат сите европски барања. Нејзиното управување се врши од далечина преку телемеханика без сервисен персонал, а моќноста на објектот е еднаква на 32,5 MVA. Според преддоговор, по нејзиното пуштање во употреба, трафостаницата е приклучена на високонапонската преносна мрежа на НЕК“, додадоа уште специјалистите од Инженеринг ЕАД.
Услугите на компанијата во областа на електричната изградба опфаќаат уште испорака, изградба, реконструкција и пуштање во употреба на:
-Кабелски електрични далноводи од 0,4 kV до 110 kV;
-Надземни електрични далноводи од 0,4 kV до 35 kV;
-Затворени дистрибутивни системи од 0,4 kV до 35 kV;
-Фабрички и јавни електрични инсталации од 0,4 kV до 35 kV;
-Инсталации за осветлување во индустриски и јавни згради, тунели, патишта и други.
Инженеринг ЕАД – централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92
Телефон: +359 32 277 171; +359 32 608 881
E-mail: office@filkab.com
МаккаБ ДООЕЛ
Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59
Телефон: +359 2 323 3727; моб. +359 72 31 0300; +359 71 34 7133
E-mail: office@makkab.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Инженеринг ЕАД, canva.com