Пумпата за сондирање Wilo-Actun OPTI обезбедува независно водоснабдување за децата од фондација „BAOBAB“ во Гана

2025-11-243 мин.

Промени јазик: English Albania Bulgaria

Во многу делови од светот, водата за пиење е оскуден ресурс кој прогресивно се намалува, а нејзиниот квалитет се влошува. Таков е случајот во руралните реони околу град Киси, Гана, каде што Детската фондација „BAOBAB“ се грижи за деца и млади кои имаат потежок пристап до образование. Освен на основни вештини, како што се читање, математика и англиски јазик, децата во организацијата се обучуваат и на традиционални занаети и земјоделски техники, за да бидат во состојба сами да преземаат одговорност. А прашањето за водоснабдување во селото каде што се наоѓаат е решено со помош на пумпа за сондирање Wilo-Actun OPTI напојувана од сончева енергија.

Селото, каде што се сместени повеќе од 100 девојчиња и момчиња под грижите на фондација „BAOBAB“, се протега на површина од околу 5 хектари. Сепак, водата за пиење таму не е дадена од природата. До неодамна, вода за пиење и домаќинство се снабдуваше од пумпа за сондирање, напојувана од гориво, уште еден оскуден ресурс во регионот. „Во оддалечени реони, обезбедувањето на гориво е или неефикасно или целосно невозможно. Пумпата напојувана од сончева енергија отвора целосно нови можности за фондацијата и нејзините воспитаници, со оглед на тоа што 90% од годината локацијата е изложена на силна сончева светлина “, посочија од Wilo.

Соларната пумпна технологија на Wilo е избрана поради нејзината висока ефикасност во споредба со алтернативните пазарни понуди. Се разбира, продуктивноста може да варира - на пример за време на сезоната Харматан (забелешка на уредникот: период помеѓу ноември и средината на март во Западна Африка), кога времето е доста магливо и облачно. И покрај тоа, резултатите се одлични, при што населеното место има корист од независно водоснабдување. Нешто повеќе, освен за вода за пиење, водата се користи и за наводнување на градината со зеленчук.

Wilo-Actun OPTI е специјално проектирана за комбинација со фотоволтаични системи. Таа обезбедува оптимизирана продуктивност благодарение на високата ефикасност на моторот и хидрауликата, како и на динамичниот алгоритам за следење на точката на максимална моќност (MPPT).

Извор на фотографии: Вило Бугарија, Wilo