Weber го претстави своето ново глобално лого – символ на обединување, наследство и иднина што зборува на еден јазик
2025-12-013 мин.
Промени јазик: English Albania Bulgaria Romania Serbia
Кога во 1932 година, младиот Американец Џозеф Вебер во Чикаго ја зглобува својата прва машина за ситопечат веројатно никогаш не замислувал дека речиси еден век подоцна, неговото име ќе биде на милијарди етикети што поминуваат низ синџири на испораки на три континенти. Во ера кога идеите за автоматизација сè уште се во повој, Вебер гледа иднина во која информациите врз производите ќе се претворат во дел од нивниот идентитет. Неговиот инстинкт се покажува точен – производителите почнуваат да бараат посигурни начини за означување и следење на производите, а Weber Addressing Machine Company, како што компанијата првично беше позната, одговори со технологии што во тоа време изгледаа речиси револуционерни. Денес, Weber повторно пишува нова страница во својата историја, презентирајќи го своето ново глобално лого и визуелен идентитет – категоричен знак дека брендот навлегува во следната фаза од својот развој.

До 60-тите години, Weber веќе ссе претворува во производител кој започнува да влијае на начинот на кој индустријата размислуваше за означувањето. Компанијата го проширува своето портфолио со своите први поусовршени решенија за етикетирање, разработени да издржат на динамиката на новите индустриски процеси.
Во 70-тите години, Weber веќе влегува и на меѓународната сцена. Компанијата создава мрежа од партнери и дистрибутивни структури кои како последица прераснаа во глобално присуство. Следните децении го обликуваа технолошкиот пат на компанијата, која денес е добро позната на индустријата.
Новото лого на компанијата е природен резултат на долгиот процес на интеграција помеѓу поединечните сектори на Weber низ целиот свет, кои веќе формираат единствена структура под името Weber Global Group. „Ова е момент што сите го чувствуваме како природно продолжение. Weber отсекогаш била глобална компанија, но сега имаме и заедничко лице“, коментираат од Weber Etiketten.
Според нив, ребрендирањето има многу подлабока логика. Најинтересното нешто во врска со новиот дизајн е тоа што тој се изградува врз наследството, но не се плаши да раскине со застареното. Линијата е исчистена, бојата - похрабра, а целокупниот впечаток - посовремен.

Извор на фотографии: Weber Etiketten Bulgaria, Weber Marking Systems