In Romanian In Bulgarian In English In Albanian In Serbian
Операторот на најголемото пристаниште во Албанија, Durres Port Authority (DPA)), отвори тендер за прва фаза од изградбата на ново пристаниште северозападно од град Драч, дозна BalkanEngineer.com од SEENews.com. Таму треба да се преместат тековните активности за утовар и истовар.
Во тендерската објава е наведено дека буџетот за првата фаза од проектот е во висина на 392 милиони евра, при што се очекува градежните работи да бидат завршени во рамките на 40 месеци. Заинтересираните компании можат да ги достават своите понуди во рок до 16 септември 2024 година.
Првата фаза од проектот ќе ја вклучи изградбата на контејнерски терминал, пристаништен ѕид за заштита од бранови, пристапни патишта и друга придружна инфраструктура. Процесот на наддавање ќе го надгледува и холандската инженеринг компанија Royal HaskoningDHV, која го раководи проектот. Во моментов веќе 15 меѓународни компании пројавиле интерес за тендерот.
Извор на фотографии: pixabay.com