INVL Renewable Energy Fund I стекнува шест соларни проекти во Романија
2022-10-062 мин.
In Bulgarian In English In Romanian In Serbian
Фондот за обновливи извори на енергија INVL, управуван од INVL Asset Management, продолжува активно да инвестира во Романија, каде што потпиша два договори за стекнување на шест соларни проекти со вкупен капацитет од 102,7 MW, дозна Balkanengineer.com од Romaniajournal.ro.

По овој проект во Романија, портфолиото на INVL Renewable Energy Fund I се зголеми на 268,7 MW. Сите тие веќе имаат одобрени услови за приклучување во мрежата, а вкупниот инвестициски потенцијал на фондот во Романија ќе надмине 200 милиони евра. Се очекува електраните да започнат постепено со работа од 2024 година, додека пуштањето во употреба на целото портфолио се очекува во втората половина на 2025 година.
Од фондот споделуваат дека атрактивноста на романскиот пазар брзо расте и постојано се набљудува зголемен раст на интересот на странските инвеститори за секторот за обновливи извори на енергија во земјата.
Неодамна INVL I исто така најавија и дополнителна рунда за прибирање средства, кој веќе има 34,6 милиони евра и ќе заврши на почетокот на ноември, а освен во Романија и Полска, фондот ги разгледува можности за инвестирање и во балтичките земји.
Извор на фотографии: freepik.com