Настан
-
Првиот конгрес Renexpo Water Management посветен на управувањето со водните ресурси и превенцијата од поплави
Првиот меѓународен конгрес, изложба и конференција за управување со водите Renexpo Water Management ќе се одржи помеѓу 6 и 8 јуни во хотел Holiday Inn, во близина на изложбениот центар BelExpocentar во српската престолнина, соопштија за BalkanEngineer.com организаторите од Reeco. Настанот ќе обезбеди можност на заинтересираните посетители и учесници да разменат искуства и информации за актуелните проблеми и предизвици за водниот менаџмент во регионот, вклучително и во управувањето со отпадните води.
2016-06-07Прочитај ја статијата
-
Нова фабрика за мрежи од стаклени влакна отвори врати во Србија
Фабрика за мрежи од стаклени влакна започна со работа во Суботица, град во северниот дел на српската покраина Војводина, пренесе за BalkanEngineer.com српската новинска агенција Танјуг. Новото претпријатие обезбедува работа на 200 локални жители. Инвестицијата во новиот производствен капацитет е во вкупна вредност од 8,4 милиони евра, 23% од кои се учество на српската влада, а остатокот - од унгарската компанија Masterplast.
2016-05-27Прочитај ја статијата
-
Меѓународниот саем на техниката и техничките достигнувања се одржува во Белград, Србија
Јубилејното шеесетто издание на Меѓународниот саем на техниката и техничките достигнувања се одржува помеѓу 16 и 20 мај во истоимениот изложбен центар на Belgrade Fair во српската престолнина, објавија за BalkanEngineer.com организаторите од Belgrade Fair. Во овогодишното издание на настанот фокусот е ставен врз економијата на иновациите, а следната година акцентот ќе биде ставен на самите иновации и новите технологии.
2016-05-19Прочитај ја статијата
-
Белгиска компанија ќе произведува делови за Airbus и Embraer во Романија
Белгиската вселенска компанија Sonaca започна изградбата на фабрика во близина на романскиот град Клуж, дозна BalkanEngineer.com од специјализираниот сајт Aerospace-Technology.com. Новиот производен капацитет ќе произведува компоненти за авионски крила за производители на авиони, главно за Airbus и Embraer, се вели уште во соопштението.
2016-05-12Прочитај ја статијата
-
Меѓународна експертска средба на професионалци од гасната индустрија во Хрватска
Традиционалната 31-ва Меѓународна научна и експертска средба на професионалците од гасната индустрија, организирана од Хрватскиот гасен центар и Хрватската гасна асоцијација, ќе се одржи помеѓу 4 и 6 мај 2016 година во Конгресниот центар на Grand Hotel Adriatic во хрватскиот град Опатија, дозна BalkanEngineer.com од официјалниот сајт на настанот.
2016-05-05Прочитај ја статијата
-
ЕК очекува предлози од балканските држави за годишните награди за одржлива енергетика на ЕУ
Иновативни и ефикасни проекти во областа на енергетската ефикасност или обновливи извори на енергија ќе бидат наградени со Наградите на Европската унија (ЕУ) за одржлива енергетика, кои се одржуваат секоја година во рамките на Европската недела на одржлива енергетика (EUSEW), дозна BalkanEngineer.com од официјалниот сајт на Европската комисија.
2016-04-19Прочитај ја статијата
-
Ford Motor го преселува производството на моделот EcoSport во Романија
Компанијата Ford Motor ги најави своите намери да го префрли производството на компактниот SUV EcoSport од Индија во нова фабрика во романскиот град Крајова, дозна BalkanEngineer.com од detroitnews.com. Првичните процени покажуваат дека операцијата за преместувањето ќе ја чини компанијата околу 200 милиони евра. Автомобилскиот производител од Дирборн планира да го премести производството на EcoSport од Ченај, Индија, во Романија во есента на 2017 година.
2016-04-08Прочитај ја статијата
-
Нови современи возови го изминуваат растојанието Скопје - Битола побрзо од автобус
Првиот нов воз доставен од Кина веќе е вклучен во патничкиот железнички сообраќај на релација Скопје - Битола, дозна BalkanEngineer.com од електронското издание macedoniaonline.eu. Модерниот дизел - моторен воз е доставен пред еден месец и од 16 март редовно вози на релација од македонската престолнина до Битола.
2016-04-05Прочитај ја статијата
-
Вятърна електроцентрала с инсталирана мощност 34.2 MW в Хърватска
Ветроенергийна централа в хърватския град Lisačke Rudine получи разрешение за производство на електрическа енергия, научи BalkanEngineer.com от BalkanGreenEnergyNews.com. Разрешението за електропроизводство на 34 мегаватовото съоръжение за „зелена“ енергия е за срок от 5 години. Новата електрическа мощност, която се намира близо до град Дубровник, получи разрешение за производство на електроенергия от хърватския енергиен регулатор (HERA) за период от 25 години.
2016-03-23Прочитај ја статијата
-
Две нови хидроцентрали се градат на реката Девол во Албанија
Норвешката инженерска компанија Multiconsult склучила договор со Devoll Hydropower за развој и инженеринг на две хидроцентрали во Албанија, дозна BalkanEngineer.com од специјализираниот сајт Hydroworld.com. Проектот на Devoll Hydropower во Албанија се однесува на две хидроелектрични централи - Бања и Моглице кои се градат во долината на реката Девол. Тие се со вкупна инсталирана моќност од 256 MW.
2016-03-09Прочитај ја статијата