Турски производител на автомобилски делови отвори фабрика во Србија

2016-06-102 мин.

In Bulgarian.   In English.   In Romanian.   In Serbian.   

 

Турскиот производител на компоненти за автомобили Teklas отвори ново производствено претпријатие во град Владичин Хан, јужна Србија. Новата фабрика е дел од проектите на турската компанија да инвестира во Србија 11.35 милиони евра до крајот на 2018 година, објави на својот сајт српската влада, цитирана од Ројтерс.

 

Teklas добиле државна субвенција од 4,7 милиони евра за проектот, се вели уште во соопштението до јавноста.

 

„Фабриката која ќе произведува системи за циркулација на флуиди во автомобилите првично создава 400 работни места, а се очекува нивниот број да достигне 1200 во следната фаза“, најави српскиот премиер Александар Вучиќ за време на официјалната церемонија на отворањето.

 

Во новото претпријатие ќе се произведуваат делови за Mercedes, BMW, Audi, Skoda и Volkswagen.

 

Извор на фотографии: Reuters