- BalkanEngineer Bulgaria
- BalkanEngineer Macedonia
- BalkanEngineer Romania
- BalkanEngineer Serbia
- BalkanEngineer Albania
- BalkanEngineer Greece
- BalkanEngineer Turkey
Бесплатна претплата
Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!
Мелексис Бугарија е дел од структурата на светскиот лидер во развојот и производството на микроелектронски компоненти за индустријата и автомобилската индустрија Melexis. Глобалната фирма е присутна во 12 земји во светот – Бугарија, Белгија, Германија, Украина, САД, Италија, Франција, Швајцарија, Кина, Јапонија, Филипини, Малезија.
Мелексис Бугарија е најголемата база на групацијата Melexis и е специјализирана за развој, производство, тестирање и продажба на високо технолошки интегрирани кола, сензори и системи. Има центар за развој и производствена база во Софија, вклучително и тимови за развој, производство, планирање, финансии, човечки ресурси и администрација.
Компанијата одржува широк спектар на производи, вклучувајќи сензори за температура, притисок, прекинување, оптички сензори, за положба, за брзина, за моторен погон за пумпи, за вентилатори итн. Заедно со нив компанијата развива и мноштво иновативни производи според врвни технологии како следење на притисокот во гумите – TPMS, сензори за забрзување, жироскопи, автомобилски CMOS камери, хедс-ап (главни) дисплеи (HUD), оптички шини, интегрирани LIN микроконтролери, 360-степенско позиционирање и индикација и многу други.
Инвестициите во развојот и разработувањето на нови решенија во голема мера ги обезбедува конкурентните предности на компанијата. Соработниците на Мелексис помагаат секој ден во обликувањето на корпоративната култура. Оваа култура овозможува да се усовршува врската помеѓу големите умови, големите тимови и добрите резултати.
Поради развојот и растот на индустријата и екипите во компанијата на локално и глобално ниво, во различни периоди од време Мелексис бара мотивирани специјалисти со техничко и инженерско образование. Компанијата регрутира како искусни професионалци, така и студенти кои го завршуваат своето образование во областа на микроелектрониката, електрониката или автоматизацијата.
Адреса: Софија 1138, Горубљане, бул. „Самоковско шосе“ 2
Телефон: 00 359 2/917 48 60; 00 359 2/807 04 00
Е-mail: kro@melexis.com
Бугарија Софија
For over a decade, our customers in the automotive electronics market have inspired us to create, manufacture and deliver advanced Mixed Signal semiconductors, sensor ICs, and programmable sensor IC systems. Through the stringent quality…
Бугарија Софија
Melexis Bulgaria is looking for an experienced engineer to expand its R&D department. On the position you will be in charge of the development of the complete Hardware and Software IC test solution. Starting from the design and test concept you will…
Бугарија Софија
For over a decade, our customers in the automotive electronics market have inspired us to create, manufacture and deliver advanced Mixed Signal semiconductors, sensor ICs, and programmable sensor IC systems. Through the stringent quality…
Што е Lean инженер? Која е мисијата на ова работно место и зошто наоѓањето на најдобрите професионалци за него е приоритет за компаниите ширум светот? BalkanEngineer.com доби одговор на овие прашања од инж. Јордан Јорданов од Melexis Бугарија. „Професијата CI инженер, или Lean инженер, потекнува од луѓе како Хенри Форд, Тајчи Оно и Еиџи Тојода. Тоа се поединци кои констатираат дека има многу загуби во една структура и тие можат да бидат елиминирани за поголема ефикасност на деловните резултати“, наведе тој.
Технолошкиот лидер Melexis ја доби наградата „Best of Sensors 2019“ за својот медицински клас на сензор за температура MLX90632. Производот беше награден во категоријата Excellence in Sensors Innovation, а наградата беше врачена за време на престижниот настан Sensors Expo & Conference 2019, што се одржа во месец јуни во Калифорнија, објавија од Мелексис Бугарија ДООЕЛ. Sensors Expo & Conference е настан со над 30 годишна историја, кој ги наградува најновите достигнувања во областа на сензорите и IoT.
Честопати тимовите во компаниите се споредуваат со добро подмачкана машина, пчелин или мравјалник. Но, забораваме колку далеку од реалноста се слични метафори, бидејќи човекот е личност, а собрани на едно место многу личности не се унифицираат, туку напротив – разликите меѓу нив и обединувањето на нивните сили се всушност причина за исполнување на заедничката цел. Еве што уште споделија за нивните луѓе од компанијата.
Инженер од Србија веќе е дел од тимот на Мелексис Бугарија ДООЕЛ – најголемото производствено друштво во структурата на светскиот лидер во развојот и производството на микроелектронски компоненти за индустријата и автомобилската индустрија Melexis. Младата дама е вработена во друштвото според програмата Fresh graduate (Програма за неодамна дипломирани студенти), соопштија од Мелексис. Освен што учествува на српскиот пазар на трудот со постојани работни места, Мелексис Бугарија ја лансира и својата специјална програма за неодамна дипломирани млади специјалисти Fresh graduate.
На 23 и 24 април 2019 година лидерот во развојот и производството на микроелектронски компоненти за индустријата и автомобилската индустрија Мелексис Бугарија ДООЕЛ одржа „Ден на отворените врати“, информираа од компанијата. Мелексис Бугарија е дел од глобалната компанија Melexis. Во Бугарија се наоѓа најголемата база за развој, производство, тестирање и продажба на високо-технолошки интегрирани кола, сензори и системи на глобалната група. За сите млади и амбициозни студенти и специјалисти кои го бараат најдоброто за себе, од Мелексис Бугарија организираа посета во својата база во град Софија.
Во изминатата 2018 година, глобалниот лидер во производството на микроелектронски компоненти Melexis го стави својот технолошки отпечаток за време на специјализираниот саем electronica чии две изданија се одржаа во Тесендерло, Белгија, и Минхен, Германија. „Повеќе од 1.500 гости имаа можност да ги посетат штандовите на Melexis, преполни со информативни и интерактивни демонстрации на технологии, како и да се сретнат со дел од тимот на компанијата“, споделија од Мелексис Бугарија ДООЕЛ.
Дел од екипата на високотехнолошката компанија Мелексис Бугарија ДООЕЛ се голем број на млади инженери, како повеќето од нив го започнале својот професионален пат како стажанти во претпријатието. Со троица од нив се сретна тимот на BalkanEngineer.com, за да дознае повеќе за работата, активностите и патот на младите специјалисти во бугарското друштво на меѓународниот лидер во разработката и производството на сензорни системи Melexis.
Melexis е светски лидер во развојот и производството на сензори за индустријата и автомобилската индустрија. Во Бугарија е позиционирано најголемото производствено друштво во структурата на компанијата – Мелексис Бугарија ДООЕЛ. „Сензорите се незаменлив дел од секој модерен автомобил, исполнувајќи многу и различни задачи. Благодарение на нив, возењето веќе е побезбедно, полесно и полека оди кон целосна автоматизација“, изјавија од Мелексис Бугарија.
Пред неколку дена Мелексис Бугарија ДООЕЛ ги пречека своите најнови колеги – стажантите од корпоративната програма Fresh Graduate. Друштвото е најголемата производствена база на меѓународниот лидер во сензорските технологии Melexis и одржува проактивна политика во однос на младите специјалисти и нивното претворање во вистински професионалци. Концептот на Fresh Graduate е развиен специјално за неодамна дипломирани студенти со техничко образование.
„Камен темелник“ на својата нова зграда во софиската населба Горубљане постави Мелексис Бугарија ДООЕЛ. „Проширувањето е дел од петгодишниот план за развој на меѓународниот производител на микроелектрониката Melexis. До крајот на годината во објектот ќе бидат вложени речиси 17 милиони евра“, соопштија за BalkanEngineer.com од компанијата. Новата база ќе биде сместена на 15.000 метри квадратни и се планира да биде завршена и ставена во функција во рок од 2 години.
Постојат високо-технолошки компании за кои работата е страст, а светот не е ограничен само на сензори и полупроводници. Таквата филозофија е исто така признаена од страна на специјалистите на светскиот лидер во автоматизацијата за автомобилската индустрија Melexis. „Ние, во Melexis, веруваме во инженерингот со цел - еве зошто привлечен центар на нашата активност се како луѓето, за кои работиме, така и луѓето со кои работиме“, изјавија за BalkanEngineer.com од Мелексис Бугарија ДООЕЛ.
Мелексис Бугарија ДООЕЛ е дел од структурата на глобалниот лидер во развојот и производството на микроелектронски компоненти за индустријата и производството на автомобили Melexis. Моментално светски докажаната компанија е присутна со 15 локации во 11 земји во светот - Бугарија, Белгија, Германија, Украина, САД, Франција, Швајцарија, Кина, Јапонија, Филипини, Малезија, а во Бугарија е нејзината најголема база. Мелексис Бугарија е основана во 2000 година.
12/06/19
Место на работа: Бугарија, Пловдив
Фирма: АББ Блгариja ДООЕЛ
12/06/19
Место на работа: Бугарија, Пловдив
Фирма: АББ Блгариja ДООЕЛ
12/04/19
Место на работа: Бугарија, Софија
Фирма: Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ
12/04/19
Место на работа: Бугариjа, Пловдив
12/04/19
Место на работа: Бугарија, Пловдив
Фирма: АББ Блгариja ДООЕЛ
12/03/19
Место на работа: Бугариjа, Петрич
Фирма: АББ Блгариja ДООЕЛ
За нас, во BalkanEngineer.com, секогаш е чест кога ќе добиеме можност да го допреме вистинскиот процес на производство, особено ако успешно се реализира во претпријатие кое ги издржа економските и технолошките перипетии на времето. Благодарение на ФАНУК Бугарија, нашиот тим го имаше задоволството да помине цел работен ден во бугарската компанија ИНХОМ-98. Од нејзиниот сопственик и управител, инженер Вањо Палазов, дознавме како се постигнува конкурентно производство.
ТиД Инженеринг е докажана инженерска компанија во областа на енергетиката, електротехниката и електрониката. „Нашиот тим исто така го извршува целосниот опсег на активности за автоматизација. Имаме долгогодишна експертиза во изградба на индустриски мрежи на програмабилни контролери, системи за далечинско управување и далечинска сигнализација, имплементација на SCADA системи и многу други современи технолошки решенија за индустријата“, споделија за BalkanEngineer.com од бугарската компанија.
Магацинските простори стануваат сè попопуларни во услови на зголемена побарувачка. Една од причините за ова е континуираниот раст на електронската трговија. Порталот за анализи Statista предвидува дека само приходите од B2B трговијата ќе пораснат од над 40 милијарди евра за 2018 година до околу 46 милијарди во оваа година. Водени од иновации, проектирани со цел ефикасност, новите електрични виљушкари за подигнување во висина Hyster создаваат нови стандарди во складирањето.
Метал Технолоџи Груп (MTG) е една од докажаните металуршки компании кај нас. Компанијата има три фабрики за леење и механичка обработка на производи од алуминиум, леано железо и челик, а повеќе од 90% од нејзиното производство се извезува во земји низ целиот свет. „Задоволни сме кога се запознаваме со амбициозни млади луѓе. Имено на нив им нудиме најразлични можности за работа кај нас“, коментираа пред BalkanEngineer.com од тимот на MTG.
Како водечка компанија во проектирањето, изработката и имплементацијата на системи и средства за автоматизација на технолошките процеси, Мега Инженеринг ДОО продолжува да воведува разни индустриски примени. Сепак, овој пат, фокусот е малку поразличен и решенијата за кои ќе раскажуваме со љубезната соработка на тимот на компанијата, опфаќаат активности што не се толку тесно поврзани со производството. Што раскажаа од компанијата ќе разберете во следните редови.
„Сакате да ја дознаете механичката состојба на некој трансформатор? Сега е доволно да го разгледате набрзина упатството на новиот TTRU3 на Megger и да започнете да работите со него – тој е толку лесен за употреба“, изјавија за BalkanEngineer.com от Мегер Бугарија ДООЕЛ, подружница на докажаниот производител на техника за мерење и контрола Megger Group. Еве што дознавме за трифазниот уред за тестирање на коефициент на трансформација TTRU3.
До средината на 2020 година Бугарија ќе започне постапка за распределба на ресурс за фреквенција, преку кој мобилните оператори да ја започнат изградбата на нивните 5G мобилни мрежи. Ова стана јасно за време на првиот од таков вид форум за имплементација на 5G во земјата, дозна BalkanEngineer.com од организаторите. Форумот, кој се одржа под насловот „5G: паметна трансформација и раст“, беше организиран од Бугарската комисија за регулирање на комуникациите.
Еден од најголемите романски производители на градежни материјали – AdePlast станува сопственост на швајцарската групација Sika, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Вредноста на зделката не е јавно објавена. AdePlast произведува суви лепила и малтери, декоративни бои, премази и полистирен. Компанијата, во која има 470 вработени, пријави промет од 100 милиони евра за претходната година. Опфаќајќи ја цела Романија, компанијата управува три производствени бази.
Кинеската компанија Zijin Mining планира да го обнови и прошири српскиот комплекс за експлоатација на бакар Serbia Zijin Bor Copper во град Бор, источна Србија. Инвестицијата изнесува 200 милиони евра. Компанијата во моментов подготвува проект за зголемување на годишниот капацитет на комплексот од 80.000 тони на 200.000 тони бакарен концентрат во период од четири години. Покрај тоа, Zijin Mining ќе инвестира и во набавка на специјални конверторни машини кои ќе ја зголемат чистотата на бакарниот производ од сегашните 62% на 99,8%.
На 20 ноември 2019 година во град Скопје се одржа македонската конференција „Digital for Entrepreneurship“ како дел од Европската недела на мали и средни претпријатија. Годинешното издание на иницијативата беше обележано со повеќе од 35.000 настани во повеќе од 170 земји. За време на настанот во град Скопје, беше дискутирано за голем број актуелни теми поврзани со предизвиците и олеснувањето на работата на претприемачите денес. Гостите се запознаа и со можностите за развој кои дигитализацијата им ги нуди на малите и средни бизниси.
Специјален фонд ќе ги поддржува активностите и развојот на малите и средни претпријатија во пограничните региони на Бугарија и Србија за време на идниот програмски период 2021-2027 година. Компаниите ќе можат да добијат грантови за финансирање на проекти до 100.000 евра. Средствата за програмата за прекугранична соработка меѓу двете земји се очекува да бидат одобрени до крајот на следната година. Малите и средни претпријатија ќе можат да имаат корист од финансирањето за поддршка и модернизација на производството.
Германскиот технолошки развивач Bosch отвори нова зграда со канцелариски простор и тест лаборатории кон својата романска фабрика во Трансилванија. Инвестицијата е во вредност од 7 милиони евра. Изградбата на новиот објект Bosch го започна во март 2018 година, а го заврши во септември оваа година. Во канцелариите и лабораториите за тестирање, кои имаат вкупна површина од 5700 метри квадратни, ќе бидат вработени околу 250 лица. Целта на инвестицијата е да се обезбеди простор за нови проекти што ќе придонесат за долгорочен развој на фабриката.
Претставници на владите на Северна Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина одржаа регионална конференција за управување со квалитетот на воздухот во Западен Балкан. Средбата се одржа на 21 ноември во град Скопје, дозна BalkanEngineer.com од Denar.mk. Конференцијата беше организирана од Владата на Северна Македонија во соработка со Светска банка. На настанот се дискутираше за прашања, решенија и можности за финансирање на проекти. Учесниците разгледаа добри практики од ЕУ, како и од други земји, како Индија и Кина.
Шведскиот производител на бојлери, Nibe Industrier станува сопственик на фабриката за домашни уреди на Gorenje во Србија. Износот на зделката не е обелоденет. До сега Gorenje беше присутен во Србија преку својата подружница Gorenje Tiki која управуваше производствено претпријатие во град Стара Пазова. По стекнувањето на фабриката, Nibe Industrier стана сопственик на брендот уреди за греење Tiki. Преку зделката шведскиот производител има за цел да ја консолидира својата пазарна позиција во Европа и да го зголеми својот производствен капацитет.
Романската компанија Valtryp, специјализирана за производство на автомобилски волани, отвори нова фабрика во Индустрискиот парк Eurobusiness II во град Орадеја, Романија. Компанијата зафаќа површина од 7000 метри квадратни. Вкупната цена на проектот е 2,44 милиони евра, дел од нив се кофинансирани од фондови на Европската унија. Градежните работи на новата фабрика започнаа во март 2018 година, а официјалното отворање на објектот, што се случи неодамна, се совпадна со 25-годишнината од создавањето на компанијата Valtryp.
SeeSUSTAINtec е нова бизнис платформа во Бугарија и Југоисточна Европа за промовирање на иновации и знаења во сферата на одржливите решенија. Саемот и паралелниот форум ќе се одржат од 7 до 9 април 2020 година во град Софија, Бугарија, дозна BalkanEngineer.com од организаторот Виа Експо. Обединувајќи три настани со повеќе од 14 години историја: ЕЕ и ОИЕ (Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија), Save the Planet (управување со отпад и рециклирање), Smart Cities (паметни градови), Виа Експо го проширува опсегот на настанот со нов фокус.
Помеѓу 8 и 10 ноември 2019 година се одржа 13-то издание на Freja Forum во град Скопје, Северна Македонија, дозна BalkanEngineer.com од организаторите. Главната тема на настанот беше демократијата и праведната дигитална иднина. Програмата на настанот вклучуваше теми поврзани со дигиталната трансформација на Европа, улогата на мажите и жените во современиот дигитален свет, развојот на технологијата во медицината, користењето на вештачка интелигенција за намалување на климатските промени, сајбер безбедност и многу други.
Српската влада потпиша Меморандум за разбирање со кинеската мултинационална технолошка компанија Huawei за разработката на платформа за вештачка интелигенција (AI). Проектот ќе добие грант од 11,7 милиони евра од Кина. Huawei ќе обезбеди облачна инфраструктура до Државниот центар за податоци во град Крагуевац, каде ќе се разработува AI платформата. Проектот ќе овозможи создавање на најсовремени услуги за електронска влада, засновани врз употреба на вештачка интелигенција.