Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Повеќето млади специјалисти во Мелексис ја започнале својата кариера со програмата Fresh graduate. Пробај и ти

18 february 2019

In Bulgarian   In Serbian

 

Дел од екипата на високотехнолошката компанија Мелексис Бугарија ДООЕЛ се голем број на млади инженери, како повеќето од нив го започнале својот професионален пат како стажанти во претпријатието. Со троица од нив се сретна тимот на BalkanEngineer.com, за да дознае повеќе за работата, активностите и патот на младите специјалисти во бугарското друштво на меѓународниот лидер во разработката и производството на сензорни системи Melexis.

 

 

Христо – инженер за тестирање, Кристијан – инженер за одржување, и Даниел – виш техничар, ја одбраа меѓународната компанија за своја реализација и ја започнаа својата кариера од најниските позиции, издигајќи се постепено до ценети и авторитетни специјалисти во својата област.

 

„Она што е најпривлечно за мене во работата е разновидноста. За мене најинтересните активности се во производството и во лабораторијата, каде што нема два идентични дена. Јас самиот започнав токму како стажант во програмата Fresh graduate пред 3 години“, раскажа Христо.

 

„Започнав како оператор, а потоа поминав низ позициите техничар, виш техничар и веќе сум инженер за одржување. Според мене, токму тоа постепено искачување во професијата е вистинската формула, бидејќи така имам поглед буквално врз целото производство, го познавам целиот процес на работата на машините“, коментира Кристијан.

 

Секоја година Мелексис ја спроведува својата стажантска иницијатива Fresh graduate. „Фокусот на програмата е насочен кон неодамна дипломираните студенти во сферата на микроелектрониката, телекомуникацијата, автоматиката, мехатрониката и др.“, изјавија од компанијата.

 

За Бугарија, друштвото бара да приклучи кон својот тим специјалисти за следните позиции:

 

 - NOC Engineer;

 - Operator Lead;

 - Technical Lead;

 - Associate Planner;

 - DevOps System Administrator;

 - Production Leader.

 

Адреса: Софија 1138, Горубљане, бул. „Самоковско шосе“ 2

Телефон: 00 359 2/917 48 60; 00 359 2/807 04 00

Е-mailkro@melexis.com

 

Повеќе информации за Мелексис Бугарија ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: Инженер.bg

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »