In Serbian
Технолошкиот лидер Melexis ја доби наградата „Best of Sensors 2019“ за својот медицински клас на сензор за температура MLX90632. Производот беше награден во категоријата Excellence in Sensors Innovation, а наградата беше врачена за време на престижниот настан Sensors Expo & Conference 2019, што се одржа во месец јуни во Калифорнија, објавија од Мелексис Бугарија ДООЕЛ за BalkanEngineer.com. Sensors Expo & Conference е настан со над 30 годишна историја, кој ги наградува најновите достигнувања во областа на сензорите, поврзувањето и Интернет на работите (IoT).
Иновативниот сензор на Melexis користи далечинска инфрацрвена технологија (FIR). Уредот е ултра мал, со димензии само 3 х 3 х 1 мм, и се состои од сензорски елемент, компонента за обработка на сигналот, дигитален интерфејс и оптика, овозможувајќи широка и олеснета примена во ограничени простори.
„Веќе повеќе од три децении Sensors Expo ги обединува највозбудливите технолошки достигнувања и нивните најсовремени апликации во индустријата. Победниците на годинешната награда „Best of Sensors“ го истакнуваат големото влијание на овие иновации. Melexis ја отелотворува заложбата за инженерското совршенство и целосно пронаоѓаштво, што ги бараме, и сме возбудени да ги наградиме нивните напори во исклучително конкурентна област“, изјави Кал Гроутон (Cal Groton), директор на настанот Sensors Expo & Conference.
„За нас е чест да ја добиеме оваа престижна награда“, рече Јорис Роелс (Joris Roels), маркетинг менаџер за сензорите за температура на Melexis додавајќи: „Знаеме дека реномирано жири од експерти во индустријата внимателно ги разгледало предлозите. Оваа награда ја потврдува одговорноста на Melexis за проектирањето, разработката и доставувањето на иновативни микроелектронски решенија кои им овозможуваат на дизајнерите да ги претворат своите идеи во реалност“.
„Ние од Мелексис Бугарија го поздравуваме секој за кого работата во сферата на високите технологии и иновациите е позив да стане дел од нашиот тим. Го охрабруваме и професионалниот развој на студентите од техничките насоки преку нашите практикантски програми, за време на кои им даваме можност да ги применат своите теоретски знаења во практика и да ја продолжат својата професионална кариера кај нас“, коментираа од бугарската компанија на Melexis, која е најголемата производна единица на меѓународната група.
За Бугарија, друштвото бара да приклучи кон својот тим специјалисти за следните позиции:
- Technical Lead;
- Fresh Graduate in IT;
- Data Administrator, Supply Chain;
- Associate Planner;
- NOC Engineer;
- IC Test Engineer;
- Оператор на финален тест.
Адреса: Софија 1138, Горубљане, бул. „Самоковско шосе“ 2
Телефон: 00 359 2/917 48 60; 00 359 2/807 04 00
Е-mail: kro@melexis.com
Повеќе информации за Мелексис Бугарија ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Мелексис Бугарија ДООЕЛ, Melexis