Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Нуди работа / Оператор на финален тест

08/07/19 назад
Мелексис Бугарија ДООЕЛ / Melexis

Конкурирај

  • Бугарија
  • Софија
Оператор на финален тест

Мелексис Бугарија е инженерска компанија со 12 локации ширум светот: Бугарија, Белгија, Германија, Украина, САД, Италија, Франција, Швајцарија, Кина, Јапонија, Филипини. Специјализирана во проектирање и тестирање на интегрирани кола, компанијата обезбедува високо-технолошки решенија од областа на микроелектрониката. Таа е основана во 1989 година во Белгија, а во 2000 година, исто така навлегува на бугарскиот пазар. Во Бугарија Мелексис има развојна и производствена база.

 

За проширувањето на нашето производство во град Софија (на околу 250 километри од Скопје) бараме мотивирана личност која да му се приклучи на нашиот тим на работното место  Оператор на финален тест.

 

Главни обврски:

 - Работа со машини за испитување на интегрирани кола;

 - Обезбедува обработка на производите во согласност со инструкциите за работа;

 - Обезбедува спроведување на производствениот план во својата област на одговорност;

 - Коректно ги пополнува податоците од производството во системот ERP и придружната документација;

 - Обезбедува континуирано подобрување на квалитетот и ефикасноста на работата.

 

Барања за кандидатот:

 - Средно образование (со техничка насока ќе се смета за предност);

 - Досегашно искуство во работење со техничка опрема е предност;

 - Желба за работа во однапред поставен распоред во 3 смени;

 - Добри комуникациски вештини и подготвеност за работа во тим;

 - Позитивен и одговорен однос кон работните обврски;

 - Основно ниво на англиски јазик ќе се смета за предност;

 - Компјутерска писменост.

 

Ние нудиме:

 - Работа во голема меѓународна компанија;

 - Професионална обука и можности за развој во кариерата;

 - Конкурентни плати и социјален пакет, вклучувајќи: здравствено осигурување, ваучери за храна, обезбеден превоз, дополнително платен годишен одмор, бесплатни топли пијалаци;

 - Опција за дополнителни бонуси и премии;

 - Пријатна работна атмосфера.

 

Ако сте заинтересирани за работното место испратете го вашето CV. Сите апликации ќе бидат разгледувани со строга доверливост.

  • Техничар со средно образование
  • -
  • Полно работно време
  • Со работно место

Конкурирај

smx@melexis.com

Види ги сите

Фирми

  • ЕТ Мултиинженеринг

    Мултиинженеринг е инженерска фирма која работи во областа на машиноградбата. Таа е специјализирана за конструирање и изработка на транспортни ленти, транспортери и целосни транспортни системи изработени од челик и нерѓосувачки челик.

  • МаккаБ ДООЕЛ

    МаккаБ ДООЕЛ е подружница на водечката, инженеринг и трговска компанија Филкаб АД од Бугарија, која ја застапува дејноста на фирмата на македонскиот пазар. Филкаб е производствена фирма со дејност снабдување, дистрибуција и трговија со: кабелски производи, електрични апарати и средства за автоматизација, електрични апарати за среден напон и многу други.

  • Индустриски роботи ДООЕЛ

    Индустриски Роботи ДООЕЛ е компанија формирана со цел да го помогне индустриското производство со воведување на автоматизирани и роботизирани системи. Друштвото е специјализирана за продажба, инсталирање и програмирање на половни роботи поминале низ потребната проверка, поправка и сервисирање. Во својот најголем дел половните роботи не го завршиле својот животен циклус, а се заменуваат со понови верзии, поради брзиот развој на софтверските технологии.

Види ги сите »