Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Широк спектар на производи на Oventrop обезбедува оптимална микроклима во третата по големина џамија во светот

15 october 2020

In Bulgarian

 

Во 2019 година, во главниот град на Алжир беше завршена третата по големина џамија во светот. Религиозниот храм има поглед кон Средоземно море, а неговото минаре со висина од 265 метри го прави највисоката зграда во Африка. „Оптималната клима во просториите се обезбедуваат од комбинирана топло-електрична опрема, котли, машини за ладење со апсорпција, маяини за ладење со компресија и кули за ладење. А дистрибуцијата на енергијата се реализира со производи на Oventrop“, соопштија за BalkanEngineer.com од бугарската канцеларија на докажаниот меѓународен производител.

 

 

По големина Djamaa el Djazaïr е рангирана по местата за богослужба во Мека и Медина. Молитвената сала е со димензии 145х145 метри и е висока 22 метри и може да прими до 35 000 верници. Целата зграда може да прими до 120 000 луѓе, а предвидени се и 7 000 места за паркирање.

 

Поради големината на зградата, инженери избираат системи за греење и ладење на површините. До градилиштето се испорачани околу 61.400 метри пластични цевки PE-Xc Copex на Oventrop. Тие се со големина 16x2 mm и се поставени на темели Cofloor со топлинска и звучна изолација од експандиран полистирен.

 

 

За да се обезбеди оптимална хидраулична рамнотежа на целиот систем, инсталирани се бројни вентили и регулатори со големини од DN 32 до DN 250 од сериите Cofloor, Hydrocontrol, VTR и VFC.

 

„За големината на зградата може да се проценува според бројот на инсталираните вентили Hycocon - вкупно 3 700. Двојните контролни и стартни вентили Hycocon VTZ и регулаторите за диференцијален притисок Hydromat DTR и Hydromat DFC помогнаа да се обезбеди хидраулична рамнотежа. Инсталирани се циркулациони цевки со термостатски контролни вентили Aquastrom T plus, а со цел да се обезбеди нејзиното правилно функционирање, инсталацијата е завршена со неповратни вентили Aquastrom R“, коментираа од Oventrop.

 

Oventrop GmbH & Co. KG

Адресa: Германија, Д-59939 Олсберг, Паул Овентроп Штрасе 1
Телефон: 0049 2962 82 0
Факс: 0049 2962 82 400
E-mail: mail@oventrop.com

 

Претставување Oventrop Бугарија и Република Македонија

Адреса: бул. Др. Г.М. Димитров 62, Софија 1172
Телефон/факс: 00359 2 961 57 10
E-mail: mail@oventrop.bg


Хидротермика Системи ДООЕЛ
Адреса: Македонија, 137, Гостивар
Телефон/факс: 00389 42215594
Мобилен: 00389 70245571
E-mail: hidrotermika@t-home.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

  

Извор на фото материјал: Oventrop GmbH & Co. KG, Овентропfrancescolovison.it, facebook.com/AlgeriaTourisme

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

  • 13 december 2024Решенијата за автоматизација на згради на AББ обезбедуваат енергетско ефикасна иднина за петвековна зграда во Шкотска

    Позната некогаш како дом на монаси и кралски дворјани, како и на должници во бегство од властите, опатија Странд (Abbey Strand) во Единбург, Шкотска, чува сакрално историско и архитектонско наследство. Денес таа е веќе модернизирана со целосен проект за модернизација кој вклучува најсовремени системи за автоматизација на згради и енергетски менаџмент на АББ. До денес, историската зграда е трансформирана во комплекс со девет луксузни апартмани со првокласна послужување, што е модел за одржлива реконструкција и подобрена енергетска ефикасност на зградите.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »