Филијала „Монтажи“ на Старт Инженеринг врши широк спектар од монтажни активности

2018-10-314 мин.

In Bulgarian   In Romanian   In Serbian

 

Старт Инженеринг АД е водечка инженерска фирма со утврдени традиции во проектирањето, монтажата, имплементацијата на нови технологии, автоматизацијата и активност за пуштање во работа на големи енергетски и индустриски објекти. „Активноста на филијала „Монтажи“ е поврзана со извршување на електрично – монтажни и машинско – монтажни работи, монтажа на метални конструкции, на цевководи од црни и нерѓосувачки материјали со различни дијаметри, полиетиленски и полипропиленски цевководи, како и монтажа на инсталации со контролно - мерни инструменти и автоматика“, информираа за BalkanEngineer.com од Старт Инженеринг.

 

 

Во областа на електричната монтажа стручњаците од филијала „Монтажи“ вршат: изградба на електрични системи и инсталации за низок, среден и висок напон; електрична опрема во областа на електричната енергетика, метро и железнички транспорт, компресорски станици за природен гас, пречистителни станици за отпадни води, производствени претпријатија, како и монтажа на прибори и инсталации со контролно - мерни инструменти и автоматика.

 

Извршуваните машинско - монтажните активности вклучуваат:

 - Монтажа на технолошка опрема и машини во енергетиката, металургијата, рударството, преработката и лесната индустрија;

 - Монтажа на цевководи, пумпи и фитинзи во станици за пречистување, мрежа за пренесување на вода, хемиска и прехранбена индустрија;

 - Монтажа на метални градежни конструкции;

 - Изградба и замена на железнички пруги;

 - Монтажа, демонтажа и поправка на мостови и портални кранови;

 - Изградба, реконструкција и одржување на објекти за надзор.

 

 

Филијала „Монтажи“ има специјалисти со долгогодишно искуство во имплементација на проекти поврзани со мрежи за пренос и дистрибуција на гас. „Тоа овозможува да бидат обезбедени услуги за изградба на компресорски станици, станици и објекти за регулација и мерење на гас, како и со изградба на гасоводи за дистрибуција, индустриски и станбени објекти и инсталации“, појаснија од Старт Инженеринг. Меѓу извршуваните активности се уште реконструкција на преносни гасоводи; изведба на гасно опасни активности за време на засеци и приклучувања; изградба на цевководи од мрежата за пренос на топлинска енергија; поправка и реконструкција на цевководи и парни котли.

 

Старт Инженеринг – централна канцеларија

Адреса: Бугарија, Софија 1220 ул. "Локомотив" бр. 3

Телефон: 00359 2 936 03 73, 00359 2 931 60 65, 00359 898 690 666

E-mail: office@starteng.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: Старт Инженеринг АД