In Bulgarian In Romanian In Serbian
Старт Инженеринг АД, водечка компанија, која врши проектирање, монтажа и пуштање во работа на големи енергетски објекти, веќе e официјален претставник на швајцарскиот производител Syscom Instruments за Бугарија, Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Syscom Instruments е член на групацијата Bartec, еден од светските лидери во производството на опрема за сеизмички мониторинг, соопштија за BalkanEngineer.com од Старт Инженеринг. „Ова партнерство е природно продолжение на нашата успешна заедничка работа за инсталацијата на системи за сеизмички мониторинг на браните Цанков Камак и Пловдивци во Бугарија“, додадоа од друштвото.
![](/var/tinymce/2019/start_ingenering_syscom_1.jpg)
Системот за сеизмички набљудувања, изграден на браната Цанков камак, производство на Syscom, беше пуштен во употреба од Старт Инженеринг во 2011 година. Тој се состои од три акцелерометри Е1, Е2 и Е3 кои се меѓусебно поврзани во комуникациска мрежа, комуникациски центар NCC in a Box - Network Control Center и GPS антена. Секој акцелерометар се состои од сензор MS2005+TriaxialMEMS, рекордер MR2002-SM24, пренапонска заштита и оптичка врска.
Изградениот од Старт Инженеринг систем за сеизмички набљудувања на браната Пловдивци е пуштен во употреба во октомври 2017 година. Тој се состои од три акцелерометри во заеднички блок, тип MR3000DMS, од кои секој опфаќа сензор, рекордер, пренапонска заштита и оптичка врска. Тие се меѓусебно поврзани во комуникациска мрежа, а со GPS антена се синхронизира времето.
![](/var/tinymce/2019/qzovir-plovdivci.jpg)
![](/var/tinymce/2019/qzovir_studena.jpg)
Во моментов во тек е подготовката за монтирање на систем за сеизмички набљудувања на браната Студена. Се предвидено тој да се состои од три специјално разработени акцелерометри за брани, составени од сензор, рекордер, пренапонска заштита и оптичка врска.
Старт Инженеринг – централна канцеларија
Адреса: Бугарија, Софија 1220 ул. "Локомотив" бр. 3
Телефон: 00359 2 936 03 73, 00359 2 931 60 65, 00359 898 690 666
E-mail: office@starteng.com
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
![](/var/tinymce/loga/starteng_logo.png)
Извор на фото материјал: Старт Инженеринг АД, Министерство за регионален развој и јавни работи на Бугарија