Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Соларни пумпни системи на Grundfos обезбедуваат наводнување на 120.000 маслинови дрвја во јужноафрикански регион

08 august 2024

In Romanian In Bulgarian In Serbian

 

Mont Rouge Olive Estate е фарма за маслинки во Јужна Африка која се соочува со сериозен предизвик да ги наводнува своите засади од 200 хектари во услови на чести прекини на електричното напојување. Проблемот на крајот беше надминат благодарение на соларните пумпни системи на Grundfos, кои не само што ги осигуруваат потребите за вода за наводнување, туку и произведуваат повеќе енергија отколку што е потребно, што ги претвора во долгорочна актива. „Целата инсталација е така проектирана и изведена што резултатите се повеќе од јасни. Ваквиот пристап - имено употребата на пумпи на соларно напојување со енергија, може да го „преврти“ земјоделскиот сектор не само во Африка, туку и во целиот свет“, коментираа за BalkanEngineer.com од компанијата.

 

 

Плантажата со маслинки Mont Rouge Olive Estate се наоѓа во сушниот регион Little Karroo во Јужна Африка и во добри години произведува по 2100 тони маслинки, од кои може да се добијат околу 300.000 литри маслиново масло и неколку стотици килограми трпезни маслинки. Сместени во долина и нејзините околни ридови, треба да се наводнуваат 120.000 дрвја, но просечните годишни врнежи се само 150 mm. Но, соседните планини добиваат 10 пати повеќе. Водата од нив храни две реки кои се влеваат во браната под фармата. Оттаму водата се испумпува во систем за наводнување капка по капка. И тука се појавува проблемот со сигурноста на напојувањето со електрична енергија. „Во овој регион прекините на електричната струја се редовни во последните 10 години - барем по 2 до 4 часа дневно, но понекогаш и до цели 12 часа. За да се гарантира вода за наводнување во овие случаи, фармата мора да користи дизел генератори, што од друга страна е апсолутно нерентабилно“, објаснија од Grundfos.

 

Така се дојде до одлуката за добивање на „зелена“ енергија за напојување на пумпите. Вкупно 3, а наскоро и 4, полиња од фотонапонски (PV) панели на изградената фотонапонска централа обезбедуваат 750 kW врвна моќност за пумпите на Grundfos кои се лоцирани веднаш до резервоарите за задржување.

 

 

Грундфос Србија - Продаја

Адреса: Омладинских бригада 90 в 11070 Нови Београд, Србија
Телефон: +381 11 225 8740,
E-mail: zahtevi@sales.grundfos.com

Грундфос Србија - Производња

Адреса: Обилазни пут Север 21 22320 Инђија, Србија
Телефон: +381 22 367 300

 

 

 

Извор на фотографии: Grundfos

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »