In Bulgarian.
Националниот центар за сценска уметност во Пекинг, Кина, е архитектонски скапоцен камен, кој само по себе е уметничко дело. Зградата претставува стаклен дворец во елиптична форма, се издига во вештачко езеро, и е брилијантна творба на современиот модернизам. Во него се сместени опера, театар и концертна сала, во кои за одржување на пријатна температура на воздухот е одговорен систем за површинско греење и ладење Cofloor, производство на еден од лидерите во разработката на производи и системи за греење и ладење - германската компанија Oventrop GmbH & Co. KG KG.
Зградата на Националниот центар за сценска уметност во Пекинг е проектирана од францускиот архитект Пол Ендрју. Изградбата траеше речиси 6 години и освен нејзиниот видлив дел, таа вклучува уште подводни коридори и подземни гаражи.
„Одбраниот систем за греење и ладење Cofloor е практично и функционално решение кое дава можност за одржување на оптимална температура како при работа во режим на греење, така и при реверзибилни режими (греење и ладење). Во исто време тој обезбедува реализација на значително штедење на енергија“, коментираа за BalkanEngineer.com од македонската канцеларија на Oventrop.
Постигнувањето на саканата температура во просториите се реализира преку размена на топлина помеѓу оградените површини, подот и ѕидовите. „Ова овозможува температурата на водата во доводната линија да не отстапува во голема мера од температурата во самата просторија и дава можност да се користат извори на енергија кои се штедливи за животната средина. На пример топлински пумпи, котли со ниска температура, современи термогенератори и др.“, изјавија во заклучок од Oventrop.
Oventrop GmbH & Co. KG
Адресa: Германија, Д-59939 Олсберг, Паул Овентроп Штрасе 1
Телефон: 0049 2962 82 0
Факс: 0049 2962 82 400
E-mail: mail@oventrop.com
Хидротермика Системи ДООЕЛ
Адреса: Македонија, 137, Гостивар
Телефон/факс: 00389 42215594
Мобилен: 00389 70245571
E-mail: hidrotermika@t-home.mk
Извор на фото материјал: Oventrop GmbH & Co. KG KG, National Centre for the Performing Arts