In Bulgarian In Albanian In Serbian
Серијата тестери PAT100 на Megger вклучува рачни преносливи уреди кои се користат за брзо и лесно тестирање со цел да се обезбеди електрична безбедност во секакви услови, вклучително канцеларии, продавници и бизнис центри. Нивната сигурна функционалност е погодна за обучителни организации и спроведување на интензивни курсеви. „Благодарение на заштитното гумено куќиште и каленото стакло отпорно на гребење, тестерите PAT100 се исклучително робусни инструменти. Напојувањето со батерии ги претвора тестерите од серијата PAT100 во оптимален избор на инструмент за локации каде што нема електричната енергија. Исто така за намени кои се незгодни или опасни, особено на градилиштата и во магацините. Серијата PAT100 ги исполнува сите европски барања за тестирање на електрична безбедност“, соопштија за BalkanEngineer.com од компанијата.
Тест групите овозможуваат автоматско извршување и правилна доследност на тестовите со минимална интервенција од страна на корисникот. Ова обезбедува лесна работа, го намалува времето на тестирање на минимум и помага за спречување на оперативни грешки.
Тестерот PAT120 е најпоедноставениот, робустен и рентабилен модел во серијата, кој обезбедува тестови од класа I (заземјување), класа II (двојна изолација) и тестирање на енергетски и продолжени кабли со фиксни гранични значења за успешно поминување на тестот. Тој може да тестира како изолација, така и опрема со заштита од пренапони на два тест напони: 500 V (стандардно) или 250 V за тестирање на информатичка техника или опрема што е заштитена од електрични празнења.
За олеснување на тестирањето на капакот на PAT120, се покажани потребните врски за секое тестирање. Уредите се испорачуваат во пригодна заштитна футрола со ремен за закачување на вратот што може да се симнува и го прави тестирањето полесно кога нема соодветна површина врз која да се работи. Ова го овозможува носењето на уредот заедно со мерните кабли, дневниците и друго.
Тестерите PAT150 се целосно функционални уреди за тестирање на преносливи диференцијално – струјни заштити RCD (PRCD) со 10 mA и 30 mA. Со помош на копчето за брз тест (QT) се мери континуитетот и херметичкото дихтување на изолацијата, се вршат тестови на струја на истекување и SELV мерења за безбеден низок напон. Границите за направен тест во соодветната тест група и времетраењето на тестот може да се конфигурираат од корисникот. „Отпорот на поврзувачкиот проводник може да се ресетира за да се намалат грешките при мерењето. Можно е исто така мерење на колото под напон за тестирање на поларитетот на електричната мрежа и на контактот или наизменичниот напон до 300 V. Уредите се користат исто така и за тестирање на стационарни апарати“, додадоа уште специјалистите од Megger.
Адреса: Бугарија, Софија, бул. „Ситнаково“ 35
Телефон: +359 943 4803; +359 2 846 8294; +359 887 783 514
Е-mail: alexander.georgiev@megger.com; megger.bg@megger.com; info.bg@megger
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Megger