Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Мегер Бугарија: Предизвици и решенија на Megger при тестирањето на релејна заштита во системите за обновлива енергија

27 march 2023

In Albanian  In Bulgarian 

 

Брзата распространување на дистрибуираните енергетски ресурси (DER), постепеното затворање на големите електрани со цврсто гориво и последователното намалување на инерцијата на системот, како и развојот на паметните мрежи, создаваат нови предизвици при имплементацијата и тестирањето на системи за релејна заштита. „Две од главните прашања во овој поглед се одржувањето на стабилна фреквенција на мрежата и обезбедувањето на рентабилна релејна заштита, спри што тестирање на релеите и опрема за тестирање за тоа се тесно поврзани меѓу себе. Предизвиците поврзани со тестирањето на релеите со самостојно напојување се решаваат успешно преку системот за тестирање SVERKER900 на Megger, кој е разработен специјално за релеи со самостојно напојување“, информираа од Мегер Бугарија.

 

 

Важна причина е се поголемата употреба на релеи со самостојно напојување (SPR). Тие се широко распространети во помалите системи за дистрибуција на електрична енергија и важно е да се знае дека кај нив постојат специфични предизвици при нивното тестирање, иако обично ги одржуваат истите основни заштитни функции како нивните аналози со одделно напојување.

 

Системот за тестирање SVERKER900 на Megger симулира фреквентна рампа на напонот во форма што е пропишана со IEC 60255-181:2019, „Функционални барања за фреквентна заштита“. Овде важно значење има формата на бранот што се користи за тестирање, која треба да соодветствува на онаа што се создава од ротирачки генератор кој ја менува својата брзина при што истовремено одржува постојан нето вртежен момент.

 

„Наскоро, овие карактеристики веројатно ќе станат уште поважни бидејќи паметната електрична мрежа станува се пораспространета. „Се повеќе и повеќе соларни панели се монтираат на покривите на обичните имоти на домаќинствата, со што се надеваме дека во одреден момент тие ќе можат да испорачуваат енергија кон електричната мрежа (V2G)“, убедени се специјалистите.

 

И, конечно, бинарниот влез на сетот за тестирање на релеи треба да може да се активира од напонот што го дава релето.

 

 

„Проблемите поврзани со тестирањето на релеи со самостојно напојување се успешно решени со системот за тестирање SVERKER900 на Megger, кој од самиот почеток на разработката е предвиден за релеи со самостојно напојување. Вградените генератори на струја во SVERKER 900 вклучуваат усовршени адаптивни алгоритами за генерирање на струја во реално време, кои овозможуваат сигурно тестирање на заштитни релеи од сите видови, вклучително и моделите со самостојно напојување“, разјаснија од Мегер Бугарија.

 

Уникатно е, дека системот за тестирање SVERKER900 е компатибилен со многу видови на оптоварувања поврзани со различни типови заштитни релеи. Тој лесно послужува електромеханички релеи, статични релеи, сложени дигитални релеи, релеи со самостојно напојување и релеи со струјни трансформатори контролирани од уреди за исклучување. Уредот за тестирање пред дефект може да изврши повеќе тестови за време, што е особено корисно при тестирање на релеи со самостојно напојување, бидејќи состојбата пред дефект го обезбедува оптоварувањето неопходно за да се одржи вклучено релето.

 

Системот SVERKER900 е проектиран да го управува генерирањето на струја за релеи со самостојно напојување  земајќи ги предвид:

 

- Хармоници генерирани од релеи со самостојно напојување кои можат да ги нарушуваат контролните кола во инструментот за тестирање на релеи;

- Нелинеарното оптоварување предизвикано од релеи со самостојно напојување, кое бара контролни циклуси со  исока продуктивност во реално време за да се гарантира дека инструментот за тестирање ги генерира правилните форми на бранот;

- Потребата на уредот за тестирање да генерира релативно голема моќност во однос на испорачаната струја со цел да се обезбеди потребната моќност за напојување на релеи со самостојно напојување;

- SVERKER900, исто така, има бинарен влез кој е компатибилен со сите видови на напони за активирање, произведувани од од релеи со самостојно напојување;

 

Адреса: Бугарија, Софија, бул. „Ситнаково“ 35

Телефон: +359 943 4803; +359 2 846 8294; +359 887 783 514

Е-mail:  alexander.georgiev@megger.commegger.bg@megger.cominfo.bg@megger

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Мегер Бугарија, Megger

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »