МаккаБ: Производната палета Ledinaire на Philips – комфорно LED осветлување со гарантиран квалитет

2019-02-144 мин.

In Bulgarian   In Romanian   In Serbian

 

Докажаната компанија во областа на расветната техника Philips Lighting  нуди широк спектар на LED расветни тела, кои се одликуваат со висока енергетска ефикасност, сигурност и иновативност. „Компанијата се фокусира врз најбараните артикли и ги нуди со конкурентни цени. Потрошувачите можат да сметат на висок квалитет и сигурност на производите, обезбедувајќи си висок комфор во најразлични намени“, информираа за BalkanEngineer.com од фирма МаккаБ ДООЕЛ, партнер на Philips Lighting.

 

 

Линиски расветни тела Ledinaire BN060C/BN012C

Наменети за општо и сокриено осветлување.

 

Карактеристики:

 - Верзии за една светилка 1600 lm и за две светилки 3200 lm;

 - Вклучена пура Philips CorePro LEDtube (4000 K);

 - Можност за поврзување до десет линиски расветни тела;

 - Вклучени монтажни додатоци.

 

Водоотпорни расветни тела Ledinaire WT060C

Тоа се LED расветни тела за општа примена со професионална заштита од навлегување на вода.

 

Карактеристики:

 - Цврсто и водоотпорно расветно тело;

 - Изведба со должина од 1200 mm и 1500 mm

 - Монтажната конзола може да се смести врз целата должина на расветното тело.

 

Мини LED расветни тела Pentura mini LED

Тие се ултра-тенки расветни LED тела за вградување во мали простори.

 

Карактеристики:

 - Ултра тенок LED дизајн;

 - Должини: 300, 600, 900 и 1200 mm;

 - Изведби со температура во боја 3000 K и 4000 K.

 

 

LED панел за вградување Ledinaire RC065B/RC066B

Ова е енергетски ефикасно професионално расветно тело за општо осветлување.

 

Карактеристики:

 - Вклучени додатоци за монтажа на гипс картон или други површини, како и за монтажа на спуштен плафон;

 - Светлосен тек 3200 lm;

 - Температура во боја 4000 К.

 

Расветни тела за општо осветлување Ledinaire RC060B и SM060C

 

Тоа се енергетско ефикасни професионални расветни тела за вградување RC060B и за површинска монтажа SM060C.

 

Карактеристики:

 - Изведба во квадратна и правоаголна форма;

 - За вградување и површинска монтажа;

 - Изведба со температура во боја 3000 K и 4000 K;

 - Светлосен тек 3200 lm.

 

Повеќе детали за палетата на производи Ledinaire на Philips очекувајте во следните материјали на BalkanEngineer.com.

 

Филкаб – централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: 032/277 171; 032/608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59

Телефон: 02/3233727; моб. 072/310300; 071/347133 

E-mail: office@makkab.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: МаккаБ ДООЕЛ