Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Конвекторот Tesy FinEco Glass Cloud со технологија AirSafe комбинира висока ефикасност и сигурност со супер тенок дизајн

19 september 2023

In Bulgarian  In Romanian  In Serbian

 

Докажаниот производител на електрични бојлери и уреди за греење, Теси продолжува да го шири своето портфолио на производи со иновативни решенија разработени во согласност со барањата на клиентите. Неодамна, компанијата го објави дебито на својот најнов модел на електричен конвектор FinEco Glass Cloud, кој освен неговата висока сигурност, ги плени корисниците со својот стилски скандинавски дизајн од стакло. Повеќе за најновиот додаток во палетата на производи на Tesy, раскажаа специјалистите од компанијата.

 

 

Најновиот модел електричен конвектор разработен од Tesy се нарекува FinEco Glass Cloud и претставува комбинација на современ скандинавски дизајн и иновативни функции. Уредот се одликува со чист и елегантен изглед, благодарение на неговиот бел стаклен панел изработена од безбедно калено стакло, а меѓу неговите клучни карактеристики е и неговиот исклучително тенок профил со дебелина од само 56 mm, што му овозможува на конвекторот да се интегрира со леснотија во кој било ентериер.

 

Друга специфична поединост на FinEco Glass Cloud е сместувањето на решетката во задниот дел. На овој начин се создава ефект на топлинска завеса, што е исклучително корисно кога се става под прозорец, бидејќи го спречува влегувањето на ладен воздух однадвор и создава поудобни услови. Конвекторот е опремен и со иновативната технологија AirSafe, која користи вграден UVA модул за уништување до 98% од вирусите и бактериите во воздухот.

 

Не на последно место уредот има моќност од 1400 W и може да покрие површина на загревање до 18 метри квадратни, а истовремено нуди голем број функции за оптимизација на потрошувачката на енергија, меѓу кои „Неделен програмер“, „Отворен прозорец“, функции за адаптивен и одложен почеток и многу други.

 

 

За време на официјалната прослава на својата 30-годишнина во јуни оваа година, Теси го објави почетокот на градежните работи на својата нова, петта фабрика, која ќе има годишен капацитет за производство на топлински пумпи од 200.000 единици. Проектот се очекува да биде финализиран до крајот на 2024 година.

 

Канцеларија во Софија

Адреса: Бугарија, Софија, стр.к 1766, ж.к. Парк Софија, Блок 16 V, канцеларија 2.1, 2 кат

Телефон: +359 2 902 6666 

Е-mail: office@tesy.com

 

Канцеларија во Шумен

Адреса: Бугарија, Шумен, п.к. 9700, бул.Мадара бр.48.

Телефон: +359 54 859 129 

Е-mail: office@tesy.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фотографииТеси

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »