In Bulgarian
Вие сте мало, средно или големо производствено претпријатие а имате за цел да ја оптимизирате вашата активност и да постигнете поголема ефикасност? Едно од можните решенија за вашиот бизнис е роботизација на производството, а за да „навлеземе во длабокото“ и да дадеме одговор на најчестите прашања поврзани со роботите, разговаравме со инженер Николај Георгиев, управител на фирма Индустриски Роботи ДООЕЛ. Еве што тој ни кажа за придобивките од инвестирањето во роботизирани системи...
Г-дин Георгиев, главната активност на Индустриски роботи е продажба, инсталација и штелување на роботизирани решенија за индустријата. Кога е добро во некое производство да се воведе робот?
Идејата за роботизираните раце не е да вршат некакви активности, туку оние, кои се исти, монотони и повторувачки. Во речиси секој производствен сегмент постојат слични процедури - тие се непривлечни како работа, но во исто време не се може без нив. Обично нивната вредност во работни часови не е мала, особено затоа што еден работник не може да работи без прекин или без грешки. Тогаш соодветно решение е роботизираниот систем.
Кои се проектите што биле најголем предизвик во историјата на Индустриски роботи?
Секој проект е предизвик! Нашата активност бара индивидуален пристап и решение кое им е целосно прилагодено на потребите на клиентот. Имаме извршени проекти во различни индустрии - козметичка, фармацевтска, прехранбена и многу други.
И дали има случаи каде не може да се најде роботизирано решение?
Се разбира - ова се активностите кои бараат интелектуална работа и расудување.
Фирма Индустриски Роботи е официјален претставник на кинеските колаборативни роботи Elfin за македонскиот пазар. Повеќе за нив можете да дознаете ТУКА.
Адреса: Бугариjа, Софија 1362, ул. „Трајан Танев“ 97
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Индустриски роботи ДООЕЛ, Инженер.bg