In Bulgarian
Од средината на 2018 година, Индустриски роботи ДООЕЛ е ексклузивен претставник на кинеските коботи Elfin за Бугарија и Македонија. Со својата функционалност, компактност и предност во цената, колаборативните роботи на Han’s Robot, дел од Han’s Group се одликуваат како ефикасно и економично решение на пазарот. Повеќе за карактеристиките и предностите на Elfin за BalkanEngineer.com раскажа инженер Николај Георгиев, управител на Индустриски роботи.
Колаборативните роботи со шест оски Elfin се погодни за мали товари и се достапни во три големини - со капацитет на товар од 3, 5 и 10 кг. Нивниот опсег е соодветно 590, 800 и 1000 мм, а нивната тежина – 17, 23 и 40 кг. „Секоја оска врши 360° движења, при што брзината на работа е 90°/сек. Ова им гарантира висока продуктивност и флексибилност и ги прави применливи за речиси секаков вид на работа“, објасни г-дин Георгиев.
Во работната рака на Elfin компактно се интегрирани мотор, синхронизиран менувач, сопирачки, сензори за повратни информации, погони и кабли. Нивниот работен век е 35.000 часа. Меѓу главните предности на моделот е тоа што сите мотори се сместени во една линија. На овој начин, точките на сингуларност се многу помалку отколку кај другите слични роботи.
„Коботите на Han’s Robot можат да се пофалат со иновативна архитектура базирана на двокомпонентен модул“, изјави уште управителот на Индустриски роботи. Коботите Elfin работат со лиценциран софтвер за контрола Actin, на Energid.
„Han’s Robot го развива својот колаборативен робот во 2015 година. Elfin се висококвалитетни машини кои ги исполнуваат сите европски стандарди“, истакна во заклучок г-дин Георгиев.
Адреса: Бугариjа, Софија 1362, ул. „Трајан Танев“ 97
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Индустриски роботи ДООЕЛ, Han’s Robot