In Bulgarian
Ники Ротор Авијешан ДОО за последователна година учествуваше на AERO Messe 2018, светски форум за лесна авијација во Фридрихсхафен, Германија. Настанот се одржува секоја година и е од клучно значење за новостите во областа на лесната авијација. „Ники Ротор Авијешан“ го презентира својот иновативен пристап кон конструирањето и изградбата на автожири Kallithea и Lightning“, информираа за BalkanEngineer.com од канцеларијата на Ники Ротор Авијешан.
Овогодинешното 26-то издание на AERO Friedrichshafen собра 630 излагачи од 38 земји и беше посетено од над 31.000 трговски посетители - ова е еден од најзначајните саеми за воздухопловство со општа намена во Европа.
Ники Ротор Авијешанги презентира своите автожири Kallithea и Lightning, при што и двете летала се нудат со мотори Rotax 912 ULS или Rotax 914 UL, а Kallithea исто и со Rotax 915 iS. Двата модели автожири имаат голема видливост, а дополнително нивна предност се мобилните врати за лесен пристап и за екстремен лет во отворена кабина.
„Niki Rotor Aviation постојано работи за да ги усоврши нашите нови машини со инспириран дизајн и иновативна технологија. На саемот покажавме три машини кои го привлекоа вниманието на клиентите и љубителите од Европа дури до Обединетите Арапски Емирати“, споделуваат од Ники Ротор Авијешан.
Компаниите Ники ДООЕЛ и Ники Ротор Авијешан ДОО бараат да вклучат во своите тимови висококвалификувани и мотивирани специјалисти, кои да бидат проводник на културата и традициите на нивната фирма. „Обезбедуваме работа на различни проекти, создавајќи сериозни можности за развој и професионален растеж", изјавија во заклучок од компанијата.
Адреса: Бугарија, 2161 Правец, плоштад Освобождение 1
Телефон: +359 884 762 385, +359 7133/48 00
Е-mail: office@niki-ltd.com
Повеќе информации за Ники ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Ники Ротор Авијешан ДОО