Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

АББ Бугарија очекува идните специјалисти на настанот „Пловдив: Кариера и живот - Зошто во Бугарија?

09 february 2023

In Bulgarian

 

Светскиот технолошки лидер АББ е меѓу најголемите индустриски инвеститори. Компанијата ја развива својата активност во четири главни бизнис области: „Електроснабдување и електрична опрема“; „Автоматизација на процеси“; „Погони“; „Роботика и дискретна автоматизација“. Компанијата учествува во различни проекти кои се насочени кон подобрување на технолошките процеси во индустријата. Освен преку иновации, АББ Бугарија развива и продлабочена социјално одговорна политика поврзана со активности во кариерата на инженери и техничари. Ова е и причината поради која компанијата и се приклучи на иницијативата на Bulgaria Wants You, која има за цел да им ги открие на специјалистите можностите за професионална активност во нашата земја, со учество на претстојниот настан „Пловдив: Кариера и живот - Зошто во Бугарија?“. Повеќе за нивното учество на форумот раскажаа специјалистите од АББ Бугарија.

 

 

Форумот „Пловдив: Кариера и живот - зошто во Бугарија? е првиот од планираната серија настани за 2023 година и ќе се одржи на 11 февруари во комплекс С.И.²Л.А.,  град Пловдив.

 

Глобалната компанија со повеќе од 130 години историја работи од крајот на 80-тите. Во моментов, АББ Бугарија има повеќе од 2.500 вработени кои работат и во централната канцеларија во Софија и во четири други филијали во земјата. Две од нејзините производствени бази се сместени во град Раковски и произведуваат ниско и среднонапонски електрични компоненти, додека другите две фабрики се соодветно во град Петрич, која е специјализирана за нисконапонски производи, и во град Пловдив, специјализирана во производство на мерни инструменти.

 

За време на настанот на 11 февруари, сите заинтересирани ќе имаат можност да го посетат штандот на АББ Бугарија. Таму, тимот на компанијата ќе ги претстави можностите за кариера што ги нуди компанијата како работодавач и исто така ќе сподели повеќе информации за тоа како некој кандидат би можел да му се приклучи на семејството на АББ. „Едвај чекаме да се сретнеме со млади, талентирани и развојно мотивирани луѓе“, ја споделија својата возбуда специјалистите.

 

 

Посетителите на настанот ќе можат да уживаат и во расказите на инспиративни лектори од различни области кои ќе ги раскажат своите интересни стории.

 

Доколку сакате да дознаете повеќе за АББ Бугарија и за можностите за професионална реализација што ги нуди, не пропуштајте да ја разгледате нејзината микространица на BalkanEngineer.com.

 

„Посетете го нашиот настан на 11-ти февруари за да ги побараме заедно вашите причини да останете. Поканивме успешни и инспиративни личности кои ќе раскажат за своите искуства. Луѓе кои се вратиле од странство и оние кои никогаш не размислувале да заминат. Секој од нив успеал овде, во Бугарија“, поканија организаторите од Bulgaria Wants You.

 

Настанот е бесплатен за секој што сака да го посети, но задолжителна е претходната регистрација. Можете да се регистрирате ТУКА!

 

Централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, Софија 1592, бул. „Витоша“ 89Б, зграда А, кат, 17 Милениум Центар Софија

Телефон: 00 359 2/807 55 00

Е-mail: office@bg.abb.com

 

Повеќе информации за АББ Блгарија ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Bulgaria Wants You, АББ Бугарија

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »