In Bulgarian In Romanian In Serbian
STACKBOT е најновата разработка на Бетелгиус во широкото портфолио од сигурни и високо продуктивни индустриски решенија на компанијата, што помага за целосна автоматизација процесите на палетизација. „Задоволство ни е да ви го претставиме нашето најново и иновативно решение - STACKBOT! Овој усовршен роботизиран систем за палетизација е создаден со многу внимание од тимот на Бетелгиус за да го направи полесен секојдневниот живот, а операциите поефикасни“, објавија за BalkanEngineer.com од водечката фирма.
STACKBOT е универзално решение за палетизација на картонски кутии наменето да ја подобри продуктивноста во современите логистички операции. Тоа не е само робот, туку лојален помошник кој нуди висока прецизност и удобна автоматизација за корисникот.
Основни предности на интелигентниот систем STACKBOT:
- Подобрена ефикасност;
- Повисока продуктивност;
- Оптимизација на човечкиот капитал;
- Високо ниво на безбедност;
- Заштедува трошоци;
- Брзо враќање на инвестицијата;
- Лесна и брза монтажа;
- Висок степен на флексибилност.
Техничка спецификација на роботизираниот систем STACKBOT:
- Капацитет: 18 kg;
- Димензија на палетите: до 1200 x 1000 mm
- Две зони за палетизација;
- Висина на палетизација: до 2600 mm;
- Софтвер за палетизација;
- Интуитивен екран на допир од 15";
- Локатори за палети со сензори;
- Пневматски или електричен фаќач;
- 2 мултифункционални LED светла;
- Држач за разделници.
„Со нетрпение очекуваме да видиме како STACKBOT ќе помогне за подигнување на процесите на палетизација на ново, уште повисоко ниво. И тоа е само почетокот! Во моментов работиме напорно на создавањето на уште еден нов систем. Очекувајте наскоро да откриеме повеќе поединости за овој амбициозен проект, кој ќе понуди уште иновативни решенија за оптимизација на производството“, додадо уште од компанијата.
Адреса: Бугарија, Божуриште 2227, Индустриска зона Божуриште, ул.„Симеон Петров“ бр.16.
Телефон: +3592/809 01 23; +3592/809 01 30
Е-пошта: sales@betelgeus.com
Извор на фотографии: Бетелгиус