Rochester гарантира долгорочна достапност на критично важна компонента за биомедицинска апаратура
2025-11-133 мин.
Промени јазик: English Bulgaria
Биомедицинските производи мора да исполнуваат високи стандарди за квалитет и сигурност, и тоа со добра причина. Благосостојбата на пациентите зависи од тоа дали уредите функционираат како што е предвидено. Затоа производителите на системи за тестирање на слични производи мора да гарантираат дека сите разработени од нив решенија ги исполнуваат највисоките стандарди за квалитет, прецизност и функционалност. Повеќето биомедицински уреди нема потреба да се заменуваат или надградуваат во кратки временски периоди, па затоа од нив се очекува да функционираат беспрекорно со години. Компонентите во биомедицинската опрема мора да бидат од највисока класа, сигурни и автентични, како и да се достапни на долорочен план.

„Водечки производител на системи за тестирање на биомедицински производи се најде во сериозни тешкотии кога дознал дека критичен микропроцесор во неговиот систем повеќе нема да се произведува. Зголемената побарувачка на овој полупроводнички елемент довел до исцрпување на достапните количини на пазарот, а оригиналниот производител (OCM) го прогласил крајот на животниот циклус на производот“, соопштија за BalkanEngineer.com од Rochester Electronics, светски познат дистрибутер и еден од најголемите производители на полупроводнички решенија во светот.
Ова му оставило на производителот две можности. Тој можел или да преработи, повторно да го тестира и повторно да го сертифицира дизајнот на моделот - процес што би бил мошне скап и ќе одземел многу време, или некако да најде долгорочен извор за оваа витална компонента.
Rochester Electronics е глобален производител, специјализиран за обезбедувањето на идна достапност на критични компоненти вградени во системи кои се приближуваат кон крајот на нивниот животен циклус или претстои да бидат повлечени од производство. „Нашето решение во случајот на овој клиент од секторот на биомедицината беше повторно да ја произведеме оригиналната компонента, со што на овој начин ќе се избегне скап редизајн“, објаснија од Rochester.
Телефон: +48 22 307 66 11
Е-пошта: plsales@rocelec.com
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Rochester Electronics
