PLC-200 на Унисист Инженеринг – систем за прецизно мерење и контрола на индустриските операции

2025-03-193 мин.

Промени јазик: Albania Romania Serbia

Програмабилните логички контролери (PLC) се индустриски системи за управување кои во реално време примаат податоци од влезните уреди и врз основа на вградена во нив внатрешната логика, испраќаат команди до излезната опрема за извршување на соодветната операција. PLC контролерите се лесни за програмирање, штелување и интеграција во индустриска средина, поради што нивната употреба во производството е широко распространета. Благодарение на нив, секој производствен процес или функционалност на машина може да бидат оптимизирани и значително подобрени.

 

 

Палетата програмабилни логички контролери PLC-200 на докажаната производствена, инженеринг и трговска фирма Унисист Инженеринг се специјално разработени како за индустриски намени, така и за домашни потреби. „Со можност за Wi-Fi поврзување, тие обезбедуваат базирано на веб програмирање и мониторинг на измерените и пресметаните големини (100 виртуелни позиции)“, објаснија од компанијата.

 

Контролерите на Унисист Инженеринг обезбедуваат мониторинг, точно мерење и прецизна контрола на процесни големини на лесен за програмирање начин.

 

Технички карактеристики на PLC-200:

- Процесор 32 бита, 240 MHz;

- Напон на напојување 24 VDC или преку PoE;

- Комуникација LAN, WiFi – 2,4 GHz, надворешна антена;

- Потрошувачка од 5 до 20W во зависност од оптоварувањето;

- Степен на заштита IP30;

- Меморирање на податоци – 32 GB micro SD картичка;

- Часовник во реално време со автономна батерија;

- Димензии без ожичување X/Y/Z 192/145/60 [mm]

- Монтажа – стандардна евро шина DIN TS35 x 7,5.

Параметри на влезовите и излезите:

- Вграден веб-базиран интерфејс;

- Опција за конфигурирање на сите параметри преку веб-интерфејсот;

- Можност како за автоматско, така и за рачно управување;

- Далечинско ажурирање на софтверот;

- Поддршка за виртуелни формули за контрола;

- Можност за создавање на фамилија на мнемонички шеми за интуитивно набљудување и управување со параметрите опфатени од контролерот и крајни автомати (извршни механизми);

- Повеќејазичен интерфејс со 4 или повеќе јазици.



Унисист Инженеринг ДООЕЛ

Адреса: Софија, Бугарија, п.к. 1582 населба Дружба, бул „Цветан Лазаров“ 144

Телефон: +359 2 886 1203, +359 2 886 3237; +359 2 886 0562

E-mail: office@unisyst.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 



Извор на фотографии: Унисист Инженеринг, ©Engineer BG via Canva.com