Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

GreMa 3D: Со системот TrackScan на Scantech, ги проширивме решенијата и целосните услуги за 3D скенирањето

30 march 2024

In Bulgarian  In Serbian  In Albanian

 

Во средината на јануари 2024 година, специјалисти од тимот на Scantech ги посетија своите партнери од GreMa 3D – водечка трговска и инженеринг компанија која работи на полето на 3D технологии за  скенирање и печатење. „Им благодарам на сите од тимот на Scantech 3D Scanner за довереното партнерство. Би сакал да изразам посебна благодарност до професионалците со кои имавме задоволство да се сретнеме во живо. Заедно обиколивме голем дел од нашата клиентска база и направивме многу демонстрации, скенирајќи вкупна површина од над 200 квадратни метри. Нашите странски колеги спроведоа специјализирана обука за работа со TrackScan, благодарение на што нашиот тим се стекна со нови знаења и вештини во однос на решенијата за 3D скенирање од најнова генерација“, коментира инж. Андреј Дуницов, управител на GreMa 3D.

 

 

„Нашата деловна стратегија вклучува паралелен развој во неколку насоки. Од една страна, се стремиме да се етаблираме како коректен и експедитивен испорачувач на современа опрема во областа на 3D технологиите, кој обезбедува, освен значајна конкурентска предност на своите клиенти, и придружна поддршка во процесот на воведување во работа на машините. Од друга страна, ги развиваме нашите вештини и компетенции со цел зголемување на квалитетот на инженеринг услугите што ги извршуваме. Одделно, се ангажираме за ширење на стекнатото знаење преку презентации и демонстрации во образовни институции. Ние веруваме во иднината на 3D технологиите, а нашиот придонес за запалување на искрата на иновациите кај младите целосно ја оправдува нашата инвестиција“, сподели управителот на GreMa 3D.

 

Нов систем за скенирање од Scantech

Серијата TrackScan на Scantech се развива. Специјалисти од тимот на компанијата разработија нов систем за скенирање TrackProbe 3D, кој се состои од i-Probe сонда за следење и најновиот оптички тракер i-Tracker. Системот е проектиран да врши метролошки активности. „TrackProbe 3D е исклучиво прецизна, пренослива и лесна за употреба опрема која обезбедува висококвалитетни мерења како на мали детали, така и на делови со големи димензии на долги растојанија и при тешки работни услови. Системот овозможува 3D мерења да се вршат со висока точност и флексибилност и се користи во различни намени, меѓу кои: регулација на уредите во претпријатијата, маркирање на еталони, вршење на геометриска и димензионална проверка на инженерски машини“, објаснија од GreMa 3D.

 

 

Усовршената технологија на новиот оптички  систем за следење овозможува континуирано мерење, без проблеми и лесно движење на сондата. Местоположбата на i-Probe може да се достигне од кој било агол се додека таа спаѓа во видното поле на камерите за оптичко следење.

 

Адреса: Русе, ул. Љуљак 11

Телефон: +359 88 810 0273

E-mail: office@grema3d.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: GreMa 3D (Голем мајстор), Scantech

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »