Филкаб Солар: Како вештачката интелигенција ги менува правилата на играта во фотоволтаичните решенија
2025-09-163 мин.
Во енергетиката долго време владееше едноставна математика: повеќе панели - повеќе мегавати - повеќе добивка. Денес, пресметката е различна. Равенката започнува со податоците, поминува низ алгоритмите и завршува со одржливост. Колку побрзо индустријата ја прифати оваа нова логика, толку помал ќе биде ризикот од изградба на паркови кои остаруваат пред да започнат дури со работа. Од Филкаб Солар обрнуваат внимание, дека имено во управувањето со енергијата се крие следната голема трансформација во секторот. „Вештачката интелигенција е веќе фактор во соларните системи, не затоа што е модерна, туку затоа што е различна алатка во динамична средина, поради што поделбата во секторот е толку забелижлива“, коментираат експертите на компанијата за BalkanEngineer.com.

Традиционалните контролери, како PWM (Pulse Width Modulation) и MPPT (Maximum Power Point Tracking), се основа на соларната индустрија повеќе од една деценија. Тие работат според правила - следат напони, струи, температури и применуваат добро познати стратегии за максимална точка на моќност (MPPT).
Системите базирани на вештачка интелигенција внесуваат поинаква логика. Тие не само што регулираат, туку и анализираат големи масиви од податоци - историски профили на потрошувачката, временски прогнози, динамика на цените на електричната енергија. „Контролерите на вештачката интелигенција не реагираат само на моменталната вредност на струјата или напонот. Тие „гледаат“ потенцијални сценарија со часови однапред и донесуваат одлуки, така што системот работи оптимално на долгорочен план“, објаснуваат од компанијата.
Предностите се јасни за операторите. Батериите се управуваат поинтелигентно - тие се полнат и празнат, така што енергијата да се користи максимално ефикасно, а загубите да се минимизираат. Пиковите производства веќе не се губат - системот планира кога да складира, кога да продава и кога да ги покрива локалните потреби. А учеството на парковите во балансирачките пазари станува пофлексибилно и профитабилно.

Филкаб – централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92
Телефон: 00359 32 277 171; 00359 32 608 881
E-mail: office@filkab.com
МаккаБ ДООЕЛ
Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59
Телефон: 00359 2 3233727; моб. 00359 72 310300; 00359 71 347133
E-mail: office@makkab.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Филкаб Солар, ©Engineer.BG via Canva.com
