In Bulgarian
На 24 јануари 2019 година се одржа официјалната церемонија за доделувањето на „Наградите на германската економија во Бугарија“. Водечкиот производител на системи за климатизација во автомобилската гранка Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ беше со цели две номинации од престижните награди, при што на крајот на празничната вечер фирмата си замина со награда во категоријата „Големо претпријатие“, соопштија за BalkanEngineer.com од бугарското друштво. Компанијата ги очекува во својот тим сите амбициозни инженери од Македонија кои сакаат да се развиваат во етаблиран меѓународен тим.
Бер-Хелла Термоконтрол е оддел на водечкиот германски производител Behr-Hella Thermocontrol (BHTC). Компанијата е специјализирана за развој и производство на електроника за системи за климатизација во автомобилската гранка. Во рамките на овогодинешните „Награди на германската економија во Бугарија“ бугарското друштво беше номинирано во категориите „Големо претпријатие“ и „Социјална ангажираност“.
ВНТС ја освои статуетката во категорија „Големо претпријатие“ поради активностите и проширувањето на својата производствена база, придонеле за сериозни достигнувања и придонес за развојот на бугарско-германските економски односи.
Behr-Hella Thermocontrol (BHTC) навлезе на бугарскиот пазар во 2013 година, при што првичната инвестиција на компанијата е околу 43,5 милиони лева. Пет години подоцна бугарското друштво започна проширување на својата база во вредност што надминува 31 милиони лева. Во рамките на проектот „Изградба на ново производствено претпријатие со цел проширување на капацитетот за производство на апарати за послужување и управување на климатски инсталации“ се очекува двојно зголемување на производствените линии на BHTC во Бугарија, пораст на производството со 80% и вработување на повеќе од 250 нови вработени.
Еве ги тековните слободни работни места:
- Шеф на смена - Производствена логистика, Излезна зона;
- Техничар Аналитичар;
- Електротехничар;
- Техничар за одржување;
- Design Engineers;
- Production Planning and Customer Service Representative;
- System Test Engineer;
- Supplier Quality Technician;
- Hardware Egineers;
- Software Engineer – Embedded SW Development.
Адреса: Бугарија, 2227 Божуриште, Индустриска зона Софија-Божуриште, ул. Рајна Касабова 8
Телефон: +359 2/999 88 41
E-mail: bulgaria@bhtc.com
Повеќе информации за Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ