Решенија
-
Пумпи MAGNA3 и дигитална платформа на Grundfos ја намалуваат потрошувачката на енергија за 45% во кинеска населба
Централното греење е широко распространето во кинескиот град Женгжу (Zhengzhou), познат како „Зелениот град“. Во 2017 година тој беше избран од кинеската влада како пилот локација за имплементација на греење од целосно чисти извори на енергија. Додека добива позелени и поразновидни извори кон својот микс на енергија за греење, градот исто така активно истражува нови начини за зголемување на енергетската ефикасност и намалување на јаглеродните емисии од постојните капацитети за централно греење.
2025-02-11Прочитај ја статијата
-
Пумпи Wilo и современ систем за управување обезбедуваат рамномерно снабдување со вода за регион во Индија
Продолжуваме да ги претставуваме проектите кои беа наградени со првите сопствени награди на Wilo Group - Ecolution. Денешната статија не води во државата Мадја Прадеш, Индија, каде што 80% од населението работи во земјоделството. Наградениот од Wilo проект се однесува на изградбата на систем за наводнување со помошта на 7 пумпни станици, опремени со по 36 вертикални турбински пумпи Wilo. Техничкото решение вклучува земање на вода од река Нармада.
2025-02-11Прочитај ја статијата
-
Мултивак Бугарија Продакшан: Со пакет од специјални бенефиции, им обезбедуваме на нашите вработени безбедност и комфор
Во современоата динамична работна осредина, изборот на работодавач не е само прашање на професионални амбиции, туку и на лични вредности. Мултивак Бугарија Продакшан е компанија која активно ја развива својата ангажираност кон благосостојбата и професионалниот развој на своите вработени. Со силен фокус на иновациите и високите стандарди, компанијата нуди конкурентна плата и бројни бенефиции кои го прават секој работен ден поудобен, побезбеден и позадоволителен. Повеќе за тоа, што значи да бидеш дел од големото семејство на Мултивак Бугарија Продакшан раскажаа специјалистите на компанијата за BalkanEngineer.com.
2025-02-10Прочитај ја статијата
-
Робот LR-10iA/10 и технологија DCS на FANUC гарантираат сигурна и автоматизирана обработка на инпланти
Послужувањето на CNC машини – полнење и истоварување – е една од најпопуларните примени на индустриските роботи, што се должат на елиминирањето на трошоците за работна сила и постигнатата поголема продуктивност. Но, како се гарантира безбедноста на вработените во непосредна близина на толку брзи и моќни инсталации во едно оптоварено производство? Употребата на технологијата FANUC Dual Check Safety во водечката светска компанија за медицински технологии Smith+Nephew ги демонстрира придобивките од решението.
2025-02-10Прочитај ја статијата
-
Хидролиа: Актуелните ритејл паркови поставуваат одредени предизвици во пречистувањето на отпадните води
Актуелен и многу силен тренд во изградбата на трговски комплекси забележуваат од компанијата Хидролиа, која е специјализирана во управувањето со водни средства, а имено - се поактивната изградба на така наречените ритејл паркови. Кои се сепак спецификите во однос на канализационите системи на овие објекти? Одговор на ова прашање го дава инж. Добромир Симидчиев, раскажувајќи за еден од најновите проекти во секторот – XOPark Sofia (новото име на Jumbo Plaza Sofia) во Бугарија, кој се рангира меѓу најголемите ритејл концепти во Источна Европа и е инвестиција на Тринити Капитал.
2025-02-05Прочитај ја статијата
-
За производство и складирање под контрола, Унисист Инженеринг врши мапирање на температурата и влажноста
Во многу индустриски сектори, како што се прехранбениот или фармацевтскиот постојат строги барања во однос на температурата и околината за складирање на готовите производи. За таа цел, потребно е овие индустриски претпријатија да потврдат дека условите во нивните магацински бази, ладилни простории, чисти простории, производствени објекти и други, ги исполнуваат прифатените норми и се под постојана температурна контрола. За да им помогне на производствените и логистичките компании, фирма Унисист Инженеринг врши сеопфатно мапирање на температурата и влажноста.
2025-02-04Прочитај ја статијата
-
STAMH: Создаваме магацини и дистрибутивни хабови на иднината со MFL решенија од најнова генерација
Како водечка меѓународна компанија за магацинска автоматизација, STAMH Group е меѓу лидерите во конвеерните системи и така наречени MFL (Material Flow System). „Со нивната имплементација се реализира брз и организиран интралогистички транспорт преку што значително се зголемува продуктивноста и ефикасноста на компаниите“, коментираа за BalkanEngineer.com од STAMH. Специјалистите од тимот на STAMH Group се со богато искуство во проектирањето и имплементирањето на современи решенија.
2025-02-07Прочитај ја статијата
-
Мултиинженеринг: Како да го избереме најсоодветниот метод за нашите проектни потреби за сечење на лим
Еден од главните процеси во машиноградбата е сечењето на лим. Во него, од голем метален лист се сечат помали компоненти или делови. Познати се многу методи за сечење на материјалите, во зависност од спецификите на изведуваниот проект, а секој од нив со себе носи различни користи и предности. „Изборот на соодветен метод за сечење на металите зависи најмногу од спецификите на проектот, материјалот и барањата за точност и ефикасност, објаснија од Мултиинженеринг.
2025-02-06Прочитај ја статијата
-
Маккаб: Потопете се во „танцот на светлината“ со енергетски ефикасни LED светилки на Philips со висок CRI
Топло бело светло за удобност во домот, како и долг работен век, висок индекс на пренесување на бои, еколошки и затемнувачка температура на бојата - ова се само некои од предностите на LED светилките на Philips што ќе ги најдете во производствениот каталогот на Маккаб. Philips, водечки производител за тела за осветлување познат по квалитетот и сигурноста на своите производи, е дел од партнерската мрежа на Maккаб, која опфаќа водечки производители на електрична опрема и апаратура.
2025-02-04Прочитај ја статијата
-
Телетек Електроникс: Облачната апликација Teletek CLOUD може да се претвори во ваш личен асистент?
Одржувањето на системот за известување за пожар комбинира различни аспекти, вклучително планирање, изведба и документација. Најновата итерација на апликацијата базирана на облак Teletek Cloud на Телетек Електроникс, има за цел да го подобри целиот процес на одржувањето и отстранувањето на технички проблеми, заштедувајќи драгоцено време и усилби. Телетек Електроникс разработува и интегрира нова функција за потсетување во своите адресибилни панели, овозможувајќи им на корисниците да штелуваат и примаат известувања за претстојни задачи.
2025-02-03Прочитај ја статијата