Решенија
-
Doosan Robotics бара партнерства со системски интегратори во Бугарија и на Балканот
Doosan Robotics, компанија на Doosan Corporation (најстарата фирма во Јужна Кореја и ставена во Fortune Global 500), преку својот официјален дистрибутер Бетелгиус, бара партнери - системски интегратори за регионот на Балканскиот Полуостров. Партнерската програма е насочена кон компании со искуство во интегрирање на роботизирани решенија, кои имаат желба и капацитет да го прошират својот бизнис, нудејќи иновативни, сигурни и флексибилни колаборативни роботи. Соработката со Doosan Robotics нуди исклучителни можности за раст, поддржани со обуки, техничка експертиза и целосна маркетиншка поддршка.
2025-07-17Прочитај ја статијата
-
Multivac: Во светот на иновации и високи технологии, вистинската вредност се крие во човечките квалитети
Денес, високите технологии, вештачката интелигенција и индустриските процеси го диктираат темпото на развој, но и покрај тоа, луѓето се највредниот ресурс на секоја организација. Мултивак Бугарија Продакшан - дел од глобалната групација Multivac - не создава едноставно машини за пакување и автоматизација. Таа изградува култура на почит, развој и сплотеност, благодарение на што нејзините вработени се чувствуваат како „мотор“ на производствените процеси. Како се гледаш себеси во претпријатие како Мултивак и повеќе за работата, колективот и односите во фирмата, за BalkanEngineer.com споделија од тимот на компанијата!
2025-07-16Прочитај ја статијата
-
Пумпни решенија на Grundfos ја оптимизираат работата на системот за климатизација во базата на фармацевтски производител
Со зголемените барања за јаглеродна неутралност во индустријата и силниот притисок врз медицинскиот и фармацевтскиот сектор, голем број компании преземаат мерки за подобрување на нивната енергетска ефикасност. Меѓу нив се вбројува и кинескиот фармацевтски производител Shanghai Xinya Pharmaceuticals, чија база, сместена во округот Пудонг на Шангај, опфаќа површина од 69.534 квадратни метри. Постојниот систем за климатизација на компанијата последните години се карактеризира со висока потрошувачка на енергија.
2025-07-16Прочитај ја статијата
-
Потопната пумпа Wilo-Sub TWU 4 е докажано решение за водоснабдување и наводнување во екот на летото
Сигурна, ефикасна и издржлива, пумпата Wilo-Sub TWU 4 е производот во фокусот за јули во месечната кампања што Wilo ја развива заедно со својата дистрибутивна мрежа. „Одбравме да ставиме акцент имено на овој модел во екот на летото, бидејќи Wilo-Sub TWU 4 е сигурно решение за црпење на вода од сондажи, бунари и резервоари, обезбедувајќи ефикасно водоснабдување и наводнување за домаќинствата“, коментираа заBalkanEngineer.com од светски докажаниот производител на пумпни системи Wilo.
2025-07-15Прочитај ја статијата
-
Со ABB Ability™ Building Analyzer АББ интелигентно ја следи и управува енергијата во своја фабрика во Велика Британија
За да ја подобри енергетската ефикасност на својот производствен објект во Стоунхаус, Велика Британија, AББ користи решенија од сопственото технолошко портфолио. Компанијата ја интегрира платформата ABB Ability™ Building Analyzer како дел од целокупниот систем за енергетски менаџмент во фабриката, со цел зголемување на енергетската ефикасност со 20% во споредба со основното ниво од 2019 година. „Во Стоунхаус -, објект за мерење и анализа на автоматизацијата на процеси (на англиски PAMA), се произведуваат мерачи на проток и други уреди за континуирана анализа на преработени гасови и вода.
2025-07-15Прочитај ја статијата
-
Rochester изградува технолошки мост кон иднината на VME решенијата со реплицирањето на клучна компонента
Artesyn Embedded Technologies е светски лидер во проектирањето и производството на мошне сигурни решенија за конверзија на енергија и вградени системи за сметање за широк спектар на индустриски области, вклучително ИТ, телекомуникации, здравство, воена индустрија, воздухопловство, процесна автоматизација и друго. Повеќе од 40 години, клиентите му имаат доверба на Artesyn за да им помогне да го забрзаат своето времето за излегување на пазарот и да го намалат финансискиот ризик преку рентабилни и усовршени решенија за мрежни пресметки и конверзија на енергија.
2025-07-14Прочитај ја статијата
-
Секоја трансформација започнува со визија, а добитниците на Sustainability Impact Awards на Schneider Electric ја остваруваат
Во текот на изминатата деценија, често слушавме како климатската криза напредува побрзо од решенијата за нејзиното справување, но истовремено, со тоа сè повеќе доаѓаат вестите што инспирираат и влеваат надеж. Таков е Sustainability Impact Awards 2024 – глобалните награди што Schneider Electric ги врачува секоја година на партнери, клиенти и добавувачи за нивните одржливи практики и нивниот придонес кон зелена трансформација. Оваа година беа наградени 7 компании од 4 континенти, а имено: GetWorks Co, Јапонија - GetWorks ги лади своите центри за податоци со снег, вода и ветер. И со помошта на иновации од Schneider Electric.
2025-07-11Прочитај ја статијата
-
Унисист Инженеринг: Зошто изборот на искусен партнер за температурно и влаго мапирање е критично важно?
Во фармацевтската индустрија, прехранбената индустрија и логистиката, складирањето на чувствителни производи под контролирани услови не е само при влаго препорака, туку задолжителен регулаторен услов. Имено затоа температурното и влаго мапирање на работните и складишните објекти е од клучно значење за гарантирање на квалитетот и безбедноста на складираната стока. Температурното и вкаго мапирање е процес на систематско мерење и анализа на критично важни параметри, како што се температура и релативна влажност, во одредени складишни или производствени објекти.
2025-07-10Прочитај ја статијата
-
Маккаб: Инфраструктурата за полнење од најнова генерација Schneider Charge нуди сигурна работа
Со сè поголемиот број на електрични возила на по патиштата, потребата за сигурна и ефикасна инфраструктура за полнење станува сè поголема. Schneider Electric, преку својата нова серија Schneider Charge, нуди решенија кои комбинираат висока продуктивност, флексибилност и компатибилност, надминувајќи ги денешните стандарди. Маккаб им ги нуди овие решенија на своите клиенти, обезбедувајќи ја нивната техничка поддршка и експертиза. „Нашите клиенти бараат станици за полнење кои лесно се интегрираат и нудат сигурна работа на долгорочен план. Schneider Charge ги исполнува овие барања“, коментираа за BalkanEngineer.com од Маккаб.
2025-07-09Прочитај ја статијата
-
РАИС од своето создавање до денес – олицетворение на индустрискиот програс и инженерската дрскост
Таму, во почетокот на 1990-ти години, во време на бурни промени и противречности, таа започна да ја пишува својата забележлива историја… Историја обележана со сериозни врвови, предизвици и непоколебливиот дух на нејзиниот коосновач и визионер Нишан Баздигјан, кој успева да претвори една инженерската амбиција и стремеж кон високите технологии во одржлива корпоративна стратегија. Производствената компанија РАИС е доказ дека дури и од мал бугарски град може да се „роди“ глобален пазарен играч, способен да им конкурира дури на големите имиња во машиноградбата.
2025-07-08Прочитај ја статијата