Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Хоризонтален електричен виљушкар комисионер KMSes.OR – сопствен инженерски разработка на Вени и Ко

27 august 2019

In Bulgarian  In Romanian  In Serbian

 

Вени и Ко ДОО е водечка бугарска компанија за производство на магацинска техника и опрема. Компанијата постојано демонстрира потенцијал за проширување, обновување и модернизирање на актуелната производствена палета на машини, вклучувајќи такви од повисока класа, нудејќи повеќе персонализирани решенија засновани врз база на постојните модели преку строго индивидуален пристап кон секој клиент. „Еден од проектите што ги реализиравме според конкретна задача на клиент е хоризонталниот електричен виљушкар комисионер KMSes.OR.“ Еве што уште соопштија за BalkanEngineer.com од бугарската компанија.

 

 

„Електричниот виљушкар е сопствена инженерска разработка на Вени и Ко за вршење на комисиони работи во магацини со високи сталажи од теренот и од прво ниво на логистички центар. Мобилната платформа овозможува истата да се подигне заедно со операторот со цел максимално брза обработка на стоки (комисионирање)“, додадоа уште од компанијата.

 

При работа на терен со машината, возачот може да ја управува или со вртење лево или десно на контролна глава или со лесно достапните надворешни копчиња, а копчето за нога дозволува платформата да се спушти кога рацете на возачот се зафатени.

 

Динамичкото забрзување, големата максимална брзина од 12 км на час и вградениот серво погон обезбедуваат максимални перформанси за кој било вид на комисиона нарачка.

 

Електричниот виљушкар е комплетиран со компоненти и детали од водечките глобални и европски добавувачи во областа на погоните, хидрауликата и електрониката.

 

KMSes.OR е комбинација на енергетска ефикасност и првокласна удобност на операторот – високо-технолошко решение за кој било магацин.

 

Можете да дознаете повеќе за работата на уредот и неговата визуелна презентација од видеата подолу.

 

Централна канцеларија:

Адреса: 51-53 Kutlovista Str., Entr. B, Fl. 1,1505 Sofia, Bulgaria

Телефон: 00 359 2/946 13 93

E-mail: info@veni-bg.com

 

Изложбена сала:

Адреса: 1517 Sofia, Poduyane Region, Cross-section of bul. Botevgradsko Chausse and ul. Vitiniya, Suhata Reka bl. 111

Телефон: 00 359 2/946 13 93; 00 359 885 297 556

E-mail: sales@veni-bg.com,  info@veni-bg.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјалВени и Ко ДОО

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »