In Bulgarian
„На 20 мај, одреден од Обединетите нации како Светски ден на пчелите, Hanwha Group ја претстави Solar Beehive – нискојаглеродна фотоволтаична пчелна кошница. Се очекува соларната кошница да ја зголеми пчелната популацијата преку одржување на стабилна средина за раст и борба против последиците од климатските промени“, раскажаа од Филкаб Солар, водечки снабдувач на стоки и комплексни енергетски услуги и дистрибутер на фотоволтаични панели произведени од Hanwha Group.
Hanwha Group ја претстави првата од ваков вид Solar Beehive во Јужна Кореја, нискојаглеродна фотоволтаична пчелна кошница што користи електрична енергија генерирана од сончевата енергија. Бидејќи во целиот свет се интензивираат штетните последици од климатската криза, брзо се намалува популацијата на пчелите, најважните опрашувачи во светот. Преку овој проект, Hanwha има за цел да ја зголеми пчелната популацијата со одржување на стабилна средина за раст, а истовремено охрабрувајќи го зачувувањето на биолошката разновидност.
„Hanwha ја инсталира соларната пчелна кошница во Корејскиот национален универзитет за земјоделство и рибарство (KNUAF) како дел од својата пилот програма. Околу 40.000 пчели кои живеат во кошницата ќе помогнат во опрашувањето на овошните дрвја во кампусот и вегетацијата во блиските шумски области. Програмата исто така ќе собира и податоци за растот и активностите на пчелната популација, кои ќе се користат за обука на студенти и понатамошни истражувања во областа на зачувување на пчелите. За поддршка на иницијативата, Hanwha потпиша Меморандум за разбирање (MOU) со KNUAF на 11 мај оваа година“, информираа од Филкаб Солар.
Пчелната кошница користи сончева енергија за да ја следи внатрешната температура, влажноста, водата и храната преку соларни панели инсталирани на нејзиниот покрив. Таа ја следи и контролира својата внатрешна средина за да создаде безбедно живеалиште за пчелите.
„Соларната пчелна кошница Hanwha се состои од два дела - интелигентна внатрешна пчелна кошница која ја контролира средината на пчелите и надворешна структура која обезбедува електрична енергија за пчелната кошница. Интелигентен систем ги следи и контролира податоците за температурата, влажноста, храната и водата преку апликација во реално време. А со мерење и анализа на околниот звук, пчелната кошница може да открие присуство на стршлени, кои се природниот непријател на пчелите. Кога стршлени се приближуваат до кошницата, влезот се стеснува во премин што е доволно мал за да минуваат само пчелите, додадоа специјалистите.
„Hanwha Group ги користи бизнисот и технологијата на своите подружници за да охрабри кампањи кои се одговорни за климатските промени и ги намалуваат јаглеродните емисии“, додадоа уште од Филкаб Солар.
Филкаб – централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92
Телефон: 00359 32 277 171; 00359 32 608 881
E-mail: office@filkab.com
МаккаБ ДООЕЛ
Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59
Телефон: 00359 2 3233727; моб. 00359 72 310300; 00359 71 347133
E-mail: office@makkab.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Филкаб Солар (Filkab Solar), Hanwha Group