Трокут Тест Груп: Новата акустична камера Sonascreen на Sonotec ја прави техничката поддршка попрецизна
2022-03-073 мин.
Новата акустична камера Sonascreen од докажаниот производител на ултразвучна опрема Sonotec може да лоцира извори на звук и да визуализира комплексни акустични информации во реално време, како што се акустична слика во боја или видео. Така, уредот визуализира физички процеси кои окото не може да ги види, а увото не може да ги слушне. Тоа се постигнува со метод наречен beamforming (забелешка на уредникот: формирање на сноп од зраци), при што се одредува положбата на изворите на звукот. „Рачната акустична камера Sonascreen генерира акустични слики како од чујниот звучен така и од ултразвучниот опсег на фреквенции. Уредот ги открива изворите на звук во реално време и резултатите ги прикажува веднаш на екранот“, соопштија за Balkanengineer.com од докажаната бугарска трговска компанија Трокут Тест Груп, која нуди алатки и опрема од докажани производители во областа на механичкото тестирање и контрола на квалитетот.

Благодарение на интуитивното ракување, како и на претходно поставените профили (на пр. за откривање истекувања), дури и неискусни корисници можат правилно да ги проценат резултатите на прв поглед. Со исклучително чувствителниот сет од 72 микрофони и степен на заштита IP54, уредот е погоден за користење во индустриски средини.

Меѓу најважните технички карактеристики на Sonascreen се:
- 72 капсулирани микрофони (спирална решетка) за употреба во индустриски средини;
- Висока акустична резолуција во реално време со брзина од 100 фрејмови во секунда;
- Широк фреквентен опсег: од 1 Hz до 100 kHz за откривање звук во границите на чујноста и ултразвукот;
- Интегриран софтвер за собирање и анализа на податоци;
- Рачен уред со степен на заштита IP54 (заштитен од прскање);
- Интегрирани LED светла;
- 8 конфигурабилни копчиња за брзо управување;
- Мала тежина и компактни димензии.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Трокут Тест Груп, Sonotec
