Старт Инженеринг испорачува градежни елементи за изградбата на Bordeaux Métropole Aréna во Франција

2017-04-103 мин.

In Bulgarian.   In Romanian.

 

Во месец март 2016 година, на брегот на реката Гарона во град Бордо, Франција, започна изградбата на една од најмодерните и импресивни по своите димензии концертни сали во светот - Bordeaux Métropole Aréna. Таа ќе биде со капацитет од 11 000 седишта и ќе располага со обезбедени над 950 места за паркирање на посетителите. Учество во изградбата на салата зема и докажаната инженерска фирма Старт Инженеринг, со своите производствени бази во бугарските градови Софија и Бургас, соопштија за BalkanEngineer.com од компанијата.

 

 

Учеството на Старт Инженеринг во проектот е поврзано со производството и испораката на сите скелиња за оплати и секаков тип заштитни елементи кои ја обезбедуваат безбедноста на работа за време на изградбата. „Првата фаза од испораките заврши успешно и елементите веќе се монтираат на градилиштето“, појаснија од Старт Инженеринг.

 

Самата изградба на Bordeaux Métropole Aréna е доверено на една од најголемите градежни фирми на територијата на Франција, а инвестицијата е проценета на 58 милиони евра.

 

Отворањето на салата е предвидено за почетокот на 2018 година, а веќе активно се извршуваат подготвителни и градежни активности. Според првичните процени во салата ќе можат да се одржуваат повеќе од 100 настани годишно - културни, спортски, вариететски спектакли и др. „Карактеристика на салата е нејзината неправилна геометриска форма, што значи и уникатност на градежните елементи“, коментираа во заклучокот од Старт Инженеринг.

 

 

Старт Инженеринг – централна канцеларија

Адреса: Бугарија, Софија 1220 ул. "Локомотив" бр. 3

Телефон: 00359 2 936 03 73, 00359 2 931 60 65, 00359 898 690 666

E-mail: office@starteng.com

 

 

Извор на фотографии: Старт Инженеринг, www.bordeauxmetropolearena.com